Вести

Истражување на Transparency International – Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана

Република Северна Македонија за прв пат заедно со 14 земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) беше опфатена во програмата Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана (Government Defence Integrity Index – GDI) на Transparency International. Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана обезбедува детална оценка на ризиците од корупција во институициите на…

Прочитај повеќе
Вести

Намалените глоби во законот за укажувачи ќе донесат уште послаба негова примена

Со усвојување на Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, објавен во Службен весник на РСМ бр. 257 од 29.10.2020 година, се извршија измени  во прекршочите одредби на законот за заштита на укажувачи со тоа што глобите за одговорни лица во правни лица и за правните лица се значително намалени. На овој начин…

Прочитај повеќе
Вести zaednicki_vrednosti.png

Конкурс за фотографија

Во рамките на проектот “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, Транспаренси Интернешнл- Македонија, објавува конкурс за најдобра фотографија. Повикот е отворен за сите заинтересирани лица. Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно- европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните  и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.

Прочитај повеќе
Вести

Поважно е да си „добар“ со директорот отколку на конкурсот

Второрангирана кандидатка на оглас за вработување за медицинска сестра на една од скопските клиники сепак не била ангажирана, додека, пак, пријавените кои се нашле на третата и на четвртата позиција почнале со работа.

Антикорупциската комисија ја отфрлила жалбата на кандидатката, со образложение дека директорите го искористуваат дискрециското право при вработување што им е овозможено во Законот за здравствена заштита. Прекршување на законските норми не пронашол ниту Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Прочитај повеќе
Вести

Залагања за корупција и антикорупција на Западен Балкан

Корупцијата е еден од главните предизвици за владеењето на правото, животните шанси и егзистенцијата на луѓето во Западен Балкан. Тоа е истовремено причина и последица на криминалната култура што се провлекува низ регионот, и начинот на кој корупцијата е поврзана со политиката сугерира одреден степен на организирана корупција, па дури и елементи на заробена држава, во голем број земји во регионот.

На Западен Балкан има малку истражувања за корупција и организиран криминал, и во академските институции на оваа тема. Регионално, постои и ограничен ангажман од граѓанското општество на тема корупција. Многу иницијативи, вклучително и овој извештај, се потпираат на надворешна поддршка.

Прочитај повеќе
Вести zaednicki_vrednosti.png

Видео снимка од настанот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“

Во прилог ја споделуваме со вас видео снимката од денешниот онлајн настан на тема „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ каде што можете да ги слушнете обраќањата на панелистите д-р Слаѓана Тасева, г-динот Никола Димитров, Заменик-претседател на Владата за европски прашања, Амбасадорката на Германија во Р.С. Македонија Н.Е Анке Холштајн, и Амбасадорот на ЕУ Делегацијата во Р.С. Македонија Н.Е Давид Геер.

Прочитај повеќе
Вести

Намалените казни за откривање на „свиркачите“ ќе го зголемат молкот?

Со намалени казни се овозможува и понатаму да не функционира системот, бидејќи полесно ќе биде да се платат казните, отколку да се расчисти состојбата, односно да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејства.

Вака го коментираат експерти новиот Предлог-закон за изменување на Законот за заштита на укажувачи, кој е во собраниска процедура.

Прочитај повеќе
Вести

Покана за онлајн настан – Промоција на заеднички вредности низ Европа

Имплементиран од: Транпаренси Интернешнл- Македонија, Транспаренси Интернешнл- Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт

Кратки информации за проектот

Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно-европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.

Прочитај повеќе
Вести

Конкурс за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата

Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамки на проектот: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество објавува:

КОНКУРС за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото

Со овој конкурс ги покануваме граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи да изразат интерес за подготовка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото. Со овие стории се цели кон отворање на теми кои ќе водат кон поддршка во борбата против корупцијата и во подобрување на политиките за антикорупција преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости.

Прочитај повеќе
Вести

Препораки од Проектот:„Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување“

Транспаренси Интернешнл Македонија, во рамки на Проект: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, во партнерство со ДКСК, МИОА и финансиски поддржан од грант на Амбасадата на Кралството Холандија, спроведе анализа на постапките за вработување, унапредување и распоредување на вработените во јавниот сектор. Целта на проектот беше да се нотираат ранливите точки во правната регулатива кои оставаат простор за коруптивни делувања во постапките за вработување, како што се дискреционите овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот.

Прочитај повеќе