Сертификати на компании со добро корпоративно управување за 2010 година

09.12.2010 По повод "Светскиот ден за борба против корупцијата 9-ти Декември", невладината организација Транспарентност – Нулта корупција, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементирање на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално четврта година по ред доделуваат Сертификати на компаниите од Република Македонија кои ги исполнија критериумите за добро корпоративно управување.
Свеченото доделување на сертификатите ќе се одржи на 10.12.2010 година (петок) во просториите на Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V-ти кат, со почеток во 11.30 часот.
obrakjanje_tnk_9_dekemvri_2010 118.49 Kb
prezentacija_gcb_2010 150.07 Kb
gcb_2010_cesto_postavuvani_prasanja 115.36 Kb
07.12.2010 Невладината организација "Транспарентност – нулта корупција" на ден 09.12.2010 (четврток) ќе одржи прес- конференција во НВО Инфо Центар (ул. Никола Тримпаре бр. 18-1/5), со почеток во 11 часот. На прес- конференцијата ќе се презентираат резултатите од Глобалниот барометар за корупцијата (Global Corruption Barometer) во 2010 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против…
03.11.2010 Transparency International ќе ги додели престижните награди за интегритет на 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција, која ќе се одржи од 10ти до 13ти ноември во Банкок
Transparency International ќе ги прогласи победниците на наградите за интегритет за 2009 и 2010 година во Банкок, Тајланд, на третиот ден од одржувањето на 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција, 12ти ноември, 2010.
Наградите за прв пат се доделени во 2000 година, а со цел да им оддадат почит на истакати индивидуи кои имаат направено значителен придонес во борбата против корупцијата.
На 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција ќе присуствуваат над 1000 активисти од областа на анти- корупцијата. Темата на овогодинешната конференција е „Враќање на довербата: Глобална акција за транспарентност“. На конференцијата ке се одржат над 50 работилници и пленарни сесии во рок од четири дена.