„ Нулта Корупција“ во борба против корупцијата
![]() Организацијата која во јавноста ќе го употребува името „Нулта корупција“, е нова невладина организација која произлезе од распаднатата „Транспарентност Македонија“, откако на нелегален начин за нејзин претседател беше именуван Сашо Орданоски Програмите и определбите на организацијата беа промовирани денеска во Скопје, при што беше нагласено дека организацијата не е членка на меѓународното движење „Transparency Internatiоnаl“, но дека има намера што поскоро да стане дел од семејството на угледната меѓународна организација. Претседателот на организацијата Мето Јовановски истакна дека „организацијата ќе настојува да ги задоволи сите критериуми за да стане полноправна членка на „Transparency Internatioanl“. „Ние се надеваме дека тоа ќе го постигнеме, бидејќи кај нас постои решеност да се посветиме што поцелосно на борбата против корупцијата“, додаде Јовановски.
|