Ќе испливаат имињата на корумпираните
12.08.2012 Јавноста наскоро може да ги дознае имињата на македонските политичари кои наводно во 2005 и 2006 година примале мито од поранешните директори на „Маѓар телеком“, тогаш мнозински акционер во „Македонски телеком“. Судењето, кое требаше да почне на 8 август, е одложено за 27 август, а набргу потоа се очекува Обвинителството да почне да ги изнесува доказите за начинот на кој Елек Штрауб, Томаш Морваи и Анраш Балог корумпирале лица во Македонија и во Црна Гора.
Ова за црногорскиот дневен весник „Дан“ го најави портпаролката на Окружниот суд во Њујорк, Стефани Чирковиќ. Таа додава дека, за сега, во судскиот регистар нема никакви документи што се однесуваат на деталите во обвинението за корупција во Црна Гора.



