Државни пари во партиски кампањи
23.04.2014 Користењето на јавни пари, работна сила или материјали, согласно изборниот законик, не смее да има во ниту еден облик за изборните кампањи, но тоа редовно се прави, посочуваат експертите, а причината за тоа е токму фактот што досега не е преземена никаква санкција или мерка за одговорност спрема кого било кој вршел злоупотреба.
„Ние имаме нотирано неколку случаи каде вработени од комуналните претпријатија во општините градат или поставуваат платформи за одржување на митинзи, имаме нотирано случаи каде до општините се испраќаат фактури коишто треба да се платат од страна на општината, а тие се за озвочување или за други потреби за користење во рамки на кампањите“, посочува претседателката на Транспаренси Интернешанл.


04.04.2014 Фирми, физички лица, кандидати за пратеници, заменици министри, градоначалници, директори на акционерски друштва – ова е структурата на донатори во извештаите на политичките партии за 2013-та година.