Јавни набавки во четири очи

Претседателката на Транспаренси Интернејшнал Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека најчесто процесот на јавни набавки се врши преку склучување на договори со непосредна спогодба без тендерска постапка.
Претседателката на Транспаренси Интернејшнал Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека најчесто процесот на јавни набавки се врши преку склучување на договори со непосредна спогодба без тендерска постапка.
25.07.2011 Во годишниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатирано е дека една четвртина од извршените набавки во јавните институции се реализираат без да се спроведе постапка за јавна набавка.
Над 16 отсто од забелешките на државните ревизори се однесуваат на неправилности во изборот на најповолен понудувач.
Ревизорите констатирале низа неправилности при склучување на договор за јавни набавки, каде договорите не ги содржат основните елементи како што се цената, количината или вредноста, како и договори кои содржат различни услови од предвидените.
Како и досега, темата на оваа анализа во рамки на проектот „Верувале или не“ е начинот на вршење на работите од страна на државните органи и институции; поконкретно нивното постапување при преземање на мерки во случаи поврзани со корупцијата.
Анализата на случаите кои беа актуелни во време на изборите се однесува на тоа: Како постапувале надлежните државни органи и дали тие ги почитувале правните принципи и начела за професионално, непристрасно и совесно постапување, без било какви притисоци при носењето на своите одлуки?
30.06.2011 Публикација : АНТИКОРУПЦИСКИ БАРАЊА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА:МЕРЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ ВО СУДСТВОТО, ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЗАКОНОДАВНОТО ТЕЛО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА antikorupciski_baranja_na_eu 1.69 Mb