Емисија 360 степени – Тема “whistleblowers”

14.09.2015 Темата на на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М се т.н. "whistleblowers“ – луѓе кои решиле да проговорат за криминал, корупција или друго незаконско постапување во средината во која работат или живеат.

Гости во се Слаѓа Тасева од Транспаренси Интернешнл – Македонија, која раководи проект токму за "whistleblowers“ и Иџет Мемети, народен правобранител на РМ. Омбудсманот ќе го прашаме и за другите препораки од Европската комисија и за тоа до каде е неговата истрага за случајот со прислушувањето. Во емисијата ќе го слушнете српското искуство на оваа тема, преку омбудсманот на Србија, Саша Јанковиќ.  

Прочитај повеќе

Покана за учество во Фокус група

11.09.2015 Транспаренси Интернешнл-Македонија Ве поканува да учествувате во фокус група на ден 17.09.2015 година во 16:00 часот во просториите на организацијата на ул. Наум Наумовски Борче бр.58 во Скопје.

Целта на фокус групата е  да се издвојат ставови и мислења во врска со причината која ги мотивира граѓаните да пријавуваат или да не пријавуваат корупција, случаи на незаконито и недозволиво постапување или едноставно да се обратат за помош до институциите.

Вашето присуство можете да го закажете со јавување на следниот телефонски број(02) 3217-000 или по мејл на info@transparency.mk  

Состанокот ќе биде од затворен карактер.

 

 

Прочитај повеќе

Граѓанското општество без улога во македонската криза со корупција

mk_flag.jpg 08.09.2015 Тоа беше долго топло лето во Македонија. Не само што оваа мала балканска држава е на првите позиции на миграцијата криза во Европа, но домашната политичка криза, која се крчка од почетокот на годината, дојде до вриење.


Во февруари минатата година, најголемата опозициска партија го емитуваше првиот дел од серијата на тајни снимки кои велат дека се разговори меѓу високи функционери, меѓу кои и сегашниот премиер. 35 од понатамошните делови од овие "информациони бомби" ја притиснаа нацијата во текот на пролетта и летото. Доколку е вистина, разговорите обезбедуваат јасна слика на една земја обременета од корупција и злоупотреба на службената должност.

Прочитај повеќе

Повик до политичките лидери за транспарентен и партиципативен процес на донесување на одлуките

platforma_logoa.jpg

  31.08.2015 Платформата на граѓансќи организации за борба против ќорупцијата и Мрежата 23 упатува повик до сите вклучени страни во процесот на донесување одлуќи за прашањата утврдени во Договорот на политичќите партии и неговиот анеќс за отвореност, транспарентност и вклучување на граѓанскиот сектор и сите засегнати страни.
 
Ние, организациите членќи на овие две мрежи, сметаме деќа спроведувањето на догово-рот е императив. Во овие ќлучни моменти за иднината на нашата земја, неопходно е про-цесите да бидат отворени и да обезбедат вќлучување и придонес од граѓансќиот сеќтор и другите засегнати субјеќти, во изнаоѓањето на решенија и донесувањето на одлуќи.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Македонија станува балкански Лас Вегас: низок стандард и пренагласено коцкање

 

scoop_logo-mk.png

18.08.2015 Во земјата цвета бизнисот со игри на среќа. Истражувањето на ЦИН СКУП – Македонија покажа дека од познатата австриска коцкарница Новоматик АГ, па сè до турската Принцес Груп, тие се сè поприсутни низ сите градови на земјата. Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и рекордни 59 салони со апарати за покер.

 Македонија е на дното на листата на балканските земји според странски директни инвестиции. Официјалните бројки покажуваат дека во 2013 година Македонија привлекла само 251 милион евра странски инвестиции, Црна Гора 350 милиони, Босна и Херцеговина 300 милиони, додека Косово истата година има регистрирано 259 милиони евра.

Сепак, не е сè така црно. Во земјата цвета бизнисот со игри на среќа. Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и рекордни 59 салони со апарати за покер.

 

 

Прочитај повеќе

Демант

 04.08.2015 Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија (Транспарентност-Нулта Корупција) ги демантира наводите изнесени во дневниот весник Вечер, во статијата насловена „Ова се соросоидите од подземјето кои бараат власт без избори“ потпишана од Ивона Талевска, главен и одговорен уредник на весникот, објавена во електронското издание на весникот на 03.08.2015 година во и во печатеното издание на весникот на 04.08.2015 година.

Демантираме дека здружението Транспаренси Интернешнел Македонија е финансирано од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, во јавноста попозната како Сорос. Транспаренси Интернешнел Македонија никогаш до сега не аплицирало, ниту пак добило грант од оваа фондација. Во ова можете да се уверите
од ревизорските извештаи достапни на следниот линк: http://www.transparency.mk/index.phpoption=com_content&task=view&id=502&Itemid=84
 
 
 
Прочитај повеќе

Полициски функционери краделе од МВР, службеничката што ги пријавила останала без работа

whistleblowers.jpg

 17.07.2015 Македонската практика многупати покажала дека наместо крадецот, виновен е тој што го пријавил. Ова секако дека потсетува на актуелната политичко-правна ситуација со аудиоснимките од прислушувањето. Зоран Заев е одговорен што ги поседува материјалите и што јавно ги објавува и затоа досието „Пуч“ се форсира од страна на државните институции, но не и Никола Груевски и неговите соработници кои зборуваат како земаат провизии, како местат случаи, како вработуваат партиски послушници, како го контролираат судството, како ги штитат своите сомнителни активности… Кривичните пријави против нив и сомневањата за нивните злодела се само на хартија и во ваква поставеност на надлежните органи никогаш и нема да се процесуираат.
 
Кога ситуацијата е таква со политичкиот врв можеме само да замислиме како е со пониските структури во општеството, со оние кои немаат начин да ја анимираат јавноста или, пак, исплашени за животот и егзистенцијата, не се ни обидуваат да пријават. Таков е случајот со Зорица Лазаревска од Скопје, која по 32 години работа во Министерството за внатрешни работи минува низ пекол. Во моментов е дома, отстранета од работното место затоа што открила криминал на претпоставените. Но, наместо државните институции да ги гонат тие што краделе и фалсификувале документи и така ја оштетувале државата и правеле незаконски профит, таа се соочила и со казни, со судски процеси и на крајот со отказ. За неа сигурно важи познатата изрека – каде има сила нема правдина.
 
 
 
Прочитај повеќе

Повторен повик до ЈО и другите надлежни институции за поефикасно и потранспарентно постапување

platforma_logoa.jpg

 
16.07.2015 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата уште еднаш упатува повик до Јавното обвинителство за поефикасно и потранспарентно постапување по прашањата кои се однесуваат на наводните злоупотреби, незаконитото постапување, корупцијата и нарушувањето на човековите права кои се наведуваат во прислушуваните телефонски комуникации објавени во изминатите месеци што би придонело за градење на довербата во институцијата. 

Покрај тоа, Платформата бара Владата да го вклучи граѓанскиот сектор во имплементацијата на препораките од Извештајот на Прибе, а пред се во набљудување на ефикасноста и ефектите од спроведување на Акциските планови кои ги најави. 

Членките на Платформата изразуваат загриженост од односот на Државната комисија за спречување на корупцијата која и натаму продолжува со своето изолирано и нетранспарентно работење. Комисијата  како независен државен орган со широка надлежност и овластувања за постапување во случаите на кои се однесува ова јавно обраќање, се уште не реагирала на повикот од 25 март оваа година ниту пак одговори на барањето за средба упатено на 15 мај 2015 година. 
 
 
Прочитај повеќе

Советот за етика во медиумите донесе одлука дека жалбата на ТИ-М за написот во ДНЕВНИК е основана

08.07.2015 Совет за етика во медиумите на Македонија ја донесе следната ОДЛУКА: На Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по жалбата на Транспаренси Интернешнл-Македонија за текстот "Холандија поддржува, Тасева бара аместија за Заев и Верушевски", објавен на 01.06.2015 година во електронското издание на Дневник и на 02.06.2015 година во печатеното издание на дневниот весник Дневник и за текстот "Кампањата за свиркачи не е за Заев", објавен на 02.06.2015 година во електронското и на 03.06.2015 година во печатеното издание на весникот Дневник – ЖАЛБАТА Е ОСНОВАНА.

 

 Одлуката на СЕММ можете да ја погледнете во следниот PDF документ:

 pdf TI-M_vs.Dnevnik1.83 Mb

 

 

Прочитај повеќе

Обвинувања и сведоштва за политичката дискриминација на работа

whistleblowers.jpg

 03.07.2015 Во Македонија уште пред повеќе од четири години беше донесен Законот за заштита од дискриминација, но се чини сѐ уште сме на почетокот и не знаеме или не сакаме да се заштитиме. За овој период, ниту една надлежна институција не успеала да ја види политичката дискриминација, или подобро кажано, не се осмелила. Вработени и понатаму се бркаат од работа бидејќи не се однесуваат или не размислуваат во духот на владејачката партија. 
 
Единствената сатисфакција ја добиваат со можноста јавно да ја раскажат голготата и тортурата што ја доживеале, а правдата како и секогаш, ќе ја бараат надвор од Македонија.
 
Партиската книшка, наспроти универзитетската диплома, познавањето на странските јазици, работното искуство и стручноста, сѐ уште е посилниот адут при вработувањето, особено во државната или јавната администрација. Со неа вратите многу полесно се отвораат, а се затвораат за тие што ја немаат, поточно не ја поседуваат онаа вистинската. Па, така, додека едни ѝ се радуваат на новата државничка работа, други секојдневно стравуваат да не го изгубат парчето леб, бидејќи во џебот не ја имаат вистинската документација, доказ за нивната „квалификуваност“.
 
 
 
Прочитај повеќе