Презентација на резултати од проценка на ранливост од корупција во постапките на вработувања

Транспаренси Интернешнел Македонија до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава во врска со незаконските исплати од Агенцијата за филм
06.07.2020 Кривичната пријава е поднесена против вршителот на должност Директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, казниво по член 353 став 1 и 5 од Кривичниот законик, а во врска со член 34 од Законот за филмската дејност.
Информациите за овој настан се обезбедени преку медиумите, а како прилог до Јавното обвинителство се доставени електронски и отпечатени верзии на извештајот од истражувачко новинарство објавен од Радио МОФ на 25.06.2020, како и извештајот објавен на порталот Сакам да Кажам објавен на 26. 06. 2020 година:
https://bit.ly/2Z28gW5 https://bit.ly/2ZH7hcT
Кривичната пријава е поднесена од Транспаренси Интернешнел Македонија заради тоа што не добивме впечаток дека Јавното обвинителство ќе го преиспита овој случај по допрен глас, а во објавените новинарски текстови се содржани доволно информации од кои може да се согледаат незаконските дејствија на пријавениот, а објавен е и доказен материјал кој секако претставува јавна информација и не би ја загрозил идната истрага.