Корупцијата во Македонија – голем проблем
Оглас за работно место
Асистент на проект “КРИНИС Западен Балкан –Осветлување на парите во политиката”
14.09.2010 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. КРИНИС е регионален проект на Transparency International кој има за цел да прави мониторинг на корупцијата во финансирањето на политичките кампањи, како и да ја зацврсти јавната доверба во демократските институции во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија. Проектот има за цел поголема транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку евалуација на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.
Слаѓана Тасева во советот на Интернационалната антикорупциска академија

Против корупцијата само на хартија

Партиското финансирање, непознаница?

Антикорупционерите останаа без пари
25.08.2010 Владата силно го стегна ременот околу Антикорупциска комисија. Се’ повеќе се зголемува притисокот врз работата на институцијата, која е конституирана за да ја лови корупцијата и да го открива криминалот првенствено во високите ешалони на власта. Кабинетот на Никола Груевски го постигнува тоа на два испробани начина.
Прво, со финансиски удар врз контото на комисионерите и со неизвесноста во исплатата на нивните хонорари. Антикорупциска комисија е оставена буквално без пари. Финансиските средства во ребалансираниот буџет не само што се драстично скратени туку не се предвидени за работењето до крајот на годината.
Против корупцијата само на хартија

Се подмачкува од лулка до гроб. На Балканот корупцијата цвета подобро од кога и да е порано! „Законот на давање и примање“ е општо прифатен во сите слоеви на општеството. Вака неодамна дописникот на германската агенција ДПА ги воведува читателите во својот опширен текст, во кој ги опишува размерите на корупцијата во неколку земји од регионот: од Хрватска и Србија до Романија или Бугарија. За среќа или за несреќа, нашата земја не беше вклучена во анализата и само попатно се споменува на балканската „корупциска мапа“. Домашните познавачи на оваа материја, пак, тврдат дека Македонија не само што не е исклучок туку во некои сегменти дури и стои полошо отколку Србија, Хрватска, Романија или Бугарија.
Повеќе пари за судството

Државата не смее да им плаќа членарина на партиите

Треба да се утврди дали уплатите се вршени од жиро-сметката на институцијата или од личната сметка на функционерите, велат упатените.