Барометар на корупција за месец март 2009 г.
12.04.2009 Владината „градежна офанзива” во изборната кампања е најматен, а придонесот на електронските медиуми за демократска атмосфера на изборите е најбистар настан во март.Двата предлога добија по 11 гласа во анкетата „Бистро – Матно” на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција”, во која учествуваа 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија.

