Отворено писмо до Делегацијата на Европска Унија во РМ

Делегација на Европска Унија во РМ

Г-дин Манфредас Лимантас

 

Почитуван Господин Лимантас,

 

Ви ја праќам оваа порака во врска со вашето барање за средба од 2 Април 2013

година.

 

На почетокот една илустрација:

http://www.youtube.com/watch?v=FJbcjH7HW0M&feature=share

 

Сигурна сум дека Вие сте ја виделе оваа содржина и се надевам дека Делегацијата на Европската Унија во Скопје има регистрирано бројни други неправилности за време на денот на избори. Истрели во Струмица, полициско присуство во Кочани, поткуп на гласачи во Тетово …

 

ТИ–Македонија ќе ги документира сите инциденти посочени во медиумите и социјалните мрежи и ќе се обиде да ги сумира во извештај кој ќе биде објавен на нашата веб страница.

 

 

 

 

Рекламен ТВ мониторинг и огласување во печатени медиуми – Локални избори 2013 г.

ti-m.jpg 29.03.2013 Транспаренси Интернешнл –  Македонија во периодот од 04.03.2013 година до 22.03.2013 година изврши рекламен ТВ мониторинг и мониторинг на огласување во печатени медиуми за локалните избори.

 

Во прилог се резултатите од мониторингот.

 

 pdf monitoring_na_lokalni_izbori_2013__29032013 308.18 Kb

 

 

Законите прецизни, финансиите на партиите матни

 

udripari.jpg

11.03.2013 Парите во политиката и годинава се мрачната страна на изборите. Партиите меѓусебно се обвинуваат за нелегално финансирање, но кога ќе ги запрашате како се финансираат, тие ви велат дека работат според законот односно дека се финасираат од членството, од физички и правни лица и додават дека навремено и целосно ќе достават финансиски извештаи. Но кога се поставува прашањето кој сè донира пари во една изборна кампања тогаш конечен и конкретен одговор нема.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева вели дека тоа прашање е едно од најголемите непознаници, па со тоа се отвора простор за сомнеж. 

 

Пријави корупција достапна и како апликација за iOS

 

prijavikorupcija_mk.png

Проектот „Пријави Корупција“ кој е имплементиран од страна на организациите Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центар за меѓународни односи од Вашингтон ја доби и својата мобилна апликација за Ајфон.
 
Апликацијата им дозволува на корисниците да ги пријават случаите на корупција, да селектираат категории, локација или пак да ги листаат веќе поставените пријави кои се прикачени на оваа страна.
 

„Граѓаните во борба против корупцијата“ – Штип

imag0200.jpg

На 04.03.2013 година во Штип, Транспаренси Интернешнл – Македонија одржа  Тркалезна Маса на тема: „Граѓаните во борба против корупцијата“. На настанот беа поканети одговорни лица определени за соработка од институциите на локално и регионално ниво,  граѓани од Општина Штип и пошироката околина.

Колку пари ќе чинат изборите?

coins.jpg

05.03.2013 Партиски реклами во речиси секој  медиум, од телевизија преку весник до интернет портали, митинзи во секој град и село, изборен штаб во секое маало, најмени простории, партиски химни со неколку пеjачи, изнајмени автобуси, плакати, флаери, брошури со програми и каталози. Ова се само дел од трошоците на партиите за време на изборната кампања. 

Поткуп, Корупција и Непотизам – секојдневие за студентите!!

mof-pres-300x199.jpg

05.03.2013 Дури 39 проценти од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имале искуство со поткуп во форма на купување книга од професорот, со цел да се добие поголема оценка, а најголем дел од нив не пријавуваат корупција бидејќи сметаат дека нема да променат ништо, покажува истражувањето на „Младинскиот образовен форум“.

Грчкиот бизнисмен клучен во аферата “Телеком”

tmobile.jpg 22.02.2013 Само грчкиот посредник во аферата “Телеком” наводно ги  задржал оригиналните тајните документи потпишани од македонските владини функционери во 2005 година, стои во одлуката на судијата Ричард Саливан од Јужниот окружен суд во Њујорк, која датира од 08 февруари годинава. Со одлуката судијата Саливан го одбил барањето на обивентите челници на “Маѓар” и на “Дојче Телеком”, Елек Штрауб, Томаш Морваи  и Анраш Балог, судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во процесот во кој Американската комисија за хартија од вредност го води против нив.
 
 

Имиња на наши функционери во новите докази за Телеком

 magyar_telekom.jpg21.02.2013 Транспаренси интернешнел – Македонија"  вчера до јавниот обвинител Мар-ко Зврлевски испрати нови документи од судскиот процес против „Маѓар телеком" во САД, во чија документацијата се наоѓаат имиња на високи македонски функционери од периодот меѓу 2005 и 2006 година. Станува збор за докази кои ги доставиле токму обвинетите Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи на 19 декември минатата година и тие сега се достапни на Интернет.

Тројцата беа челници во „Маѓар телеком" во периодот кога, според Американската комисија за хартии од вредност, телекомуникациската компанија ги поткупила македонските функционери со околу 5 милиони евра, со што наводно се одложило воведувањето на третиот мобилен оператор и воведувањето на повисоки давачки за операторите. Штрауб, Балог и Морваи со декемвриската претставка барале судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во нивниот спор.

 
 

Институциите да поведат постапка за утврдување на одговорноста на Димитрис Контоминас

press_160222013.jpg 16.02.2013 Transparency International  – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.