Истражување – Антикорупциска не си ја врши работата
29.01.2013 Не стивнуваат рекациите во објавата во медиумите дека партијата ДУИ се финасирала од пари на министерства ,јавни претспријатија и општини.
Денеска Министертвото за земјоделство посочи дека не исплаќало пари,туку дека нивни вработени кои биле членови на ДУИ, лично доставиле трајни налози за одбивање на донации од нивните плати што било исто и како плаќање рата од кредит
19.01.2013 Телеком во Македонија и во Црна Гора, биле разгледувани аргументите на двете страни за надлежноста на судот во Њујорк.
Во новото рочиште во судскиот процес за коруптивните активности на Маѓар Телеком и на Дојче Американската Комисија за хартии од вредност, која го покрена процесот против тројцата поранешни директори во Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи, докажува дека Јужниот окружен суд во Њујорк има надлежност во процесот, поради тоа што Т-Мобајл е компанија која дејствува и на американскиот пазар, а дел од комуникацијата која ја воделе обвинетите менаџери поминала низ САД.
17.01.2013 Македонија, во најновото издание на „Слобода во светот“, годишен извештај на невладината организација за човекови права со седиште во Вашингтон, Фридом хаус, е во групата на делумно слободни земји. Во извештајот се констатира дека генерално има пад во почитувањето на слободите во светот.
Во извештајот во кој се оценува состојбата со почитувањето на човековите права и на политичките слободи во 195 земји во светот во текот на минатата година, Македонија се најде во групата на делумно слободни.
Во неа, меѓу другите се и Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Украина и Пакистан. Како слободни земји од Балканот, се оценети Србија, Црна Гора и Хрватска.
Тетово, 06.12.2012 „Граѓаните во борба против корупција“
Регионалната канцеларија на Центарот за Совети и Правна Помош (ЦСПП) на Транспаренси Интернешнл Македонија во Тетово на ден 06.12.2012 година, организираше Тркалезна на тема: „Граѓаните во борба против корупција“ која се одржа во Општинската сала во Тетово. На присутните граѓани на Тетово и претставници на институции од Полошкиот Регион со свои излагања им се обратија Д-р Слаѓана Тасева Претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија и Градоначалникот на Општина Тетово Проф. Др. Сади Беџети.
05.12.2012 Меѓународните негодувања против коруптираните влади, присили неколку лидери да заминат од функцијата, но како што се рачисти прашината околу тоа, стана очигледно дека нивоата на поткуп, злоупотреба на сила и тајни договори се сеуште многу високи во многу земји. Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интереншнл во 2012 покажува дека корупцијата продолжува да ги пустоши општествата низ светот.
Две третини од 176 рангирани земји во индексот на 2012 имаат оцена под 50, на скала од 0(преставува високо коруптирани) до 100(се сметаат за многу чисти), покажува дека јавните институции треба да бидат по транспарентни како и официјални владини функционери да бидат по одговорни.
Република Македонија се наоѓа на 69 место со вкупно 43 поени, со што повторно се вброи во групата држави кои имаат оцена под 50. Споредено со државите во регионот Република Македонија е подобро рангирана од Босна и Херцеговина, Црна гора, Бугарија, Србија и Грција, Косово и Албанија.
prezentacija_cpi_2012 623.24 Kb
cesto_postavuvani_prasanja 115.10 Kb
azurirana_metodologija 91.81 Kb
kratka_beleshka_za_metodologijata 60.97 Kb
beleshka_na_tehnicka_metodologija 71.61 Kb