Жалбите за предолги судења останаа во фиока

01.02.2008 Transparency International и широкото граѓанско општество против корупцијата, заклучија дека главниот неуспех на “Интернационалната конференција против корупција” во Бали е договорот како независно да се оценува напредокот на земјите во имплементирање на Конвенцијата против Корупција на Обединетите Нации ( UNCAC ) .
Несогласувањето на конференцијата значи дека конкретните чекори ќе се решат на следната конференција за Конвенција во 2009 година , шест години откако овој инструмент беше усвоен. Граѓанските општествени групи се плашат од неуспехот од градење на сила за забрзување и деградирање на Конвенцијата од политичките редови. Тие го карактеризираа ова како разочарување на билионите жртви од корупцијата, кој што треба да се застапуваат од националните делегации на конференцијата на ОН.
31.01.2008 Европската комисија вчера ги одобри новите владини измени на Законот за енергетика, со кои се предвидува да нема снабдувач на големо на струја односно претпријатие Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) да нема монополска позиција, изјави вицепремиерот Зоран Ставревски.
28.01.2008 Владата сепак го послуша Брисел и експертите. Владата денеска го испрати Законот за енергетика со препорачаните измени на Брисел. “ЕЛЕМ нема да има функција снабдувач на големо“, рече вицепремиерот Зоран Ставревски.
“Предложивме измени врз основа на она што го договоривме во Брисел и денеска ги испративме“ соопшти Ставревски.
Измените на законот не биле повлечени од собрание. Пратениците ќе можат да го гласаат со предложените измени, ако Брисел даде зелено светло за предлозите на Владата. Одговор се чека за два, три дена.
25.01.2008 Речиси 140 држави членки на Обединетите нации се упатија кон Бали да ја започнат конференцијата на 28 јануари во всрка со иднината на Конвенцијата против корупција на ОН (UNCAC), глобалната мапа за искоренување на корупцијата- Transparency International (TI) се застапува за осигурување дека владите ќе ги исполнат своите обврски и ќе ја имплементираат Конвенцијата. Претседателот на TI Хјуџет Лабел предупредува дека: „без развој на конкретен план за проценување на напредокот на земјите во имплементација на спогодбата, Конвенцијата ќе остане само мртва буква на хартија , одземајќи го најчуствителното од шансата за подобар живот“.
Во оваа насока е и изјавата на Кристина Наги, портпарол на еврокомесарот за проширување Оли Рен. Таа вели дека се потребни амандмани во законот кои ќе ги следат европските директиви. Наги истакна дека Брисел нуди помош за ова прашање и информира дека предложените амандмани од Владата повторно ќе бидат разгледани. Според неофицијалните информации, Брисел укажал дека ЕЛЕМ не смее да стане монопол со тоа што ќе добие право да произведува струја и да управува со електроенергетскиот систем. МЕПСО во такви услови само ќе врши пренос на струја. ЕСМ-ЕВН пак директно ќе ја купува електричната енергија од ЕЛЕМ.
„Најзначајно е тоа што постигнавме договор околу тоа дека измените се во вистинска насока, дека динамиката на либерализацијата на енергетскиот сектор е соодветна на можностите на Република Македонија“ , изјави Ставревски во Брисел, јави Телевизија Алсат-М.
Делегацијата ја предводи вицепремиерот Зоран Ставрески, а во неа се вклучени претставници од Комисијата за заштита на конкурентноста, Регулаторната комисија, министерството за економија, како и претставници на компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО.