Скопје 2014 – Едно се договарало, друго се правело
28.11.2014 Осум милиони евра повеќе платила Општина Центар за споменици за проектот Скопје 2014, се посочува во вториот извештај за ревизијата на проектот по барање на градоначалникот на општината Андреј Жерновски. Вториот, не е финален извештај, посочи еден од неговите изработувачи Драган Малиновски. Според поранешниот антикорупционер во проектов има уште работа, особено што се однесува до странските фирми кои добиле најголем дел од парите за изведба на споменици. Комисијата забележала дека се фаворизирале фирми, како што е случајот со две италијански фирми поврзани преку сопственикот Фернандо Маринели. Останатите учесници на различни начини биле исклучувани од постапката, па така овие фирми ги изработиле сите споменици во периодот од јуни 2008 до јуни 2010, иако останатите понудувачи ималедрастично ниски цени.



