Досие транспарентност: Малку информации и многу државни тајни
18.10.2013 Цели 11 години мајката барала правда за својата мртва ќерка. Судството ја изневерило,случајот застарел, а убијците поминале неказнети. Долгите судски постапки кои можат да траат и децении се проблем кој требаше да биде опфатен со реформите во сферата на евроинтеграциите. Но, за многу граѓани, патот до правдата се уште се чини невозоможен.
30.09.2013 Имаат ли заштита граѓаните кои сакаат да пријават корупција? Во развиените демократии граѓаните кои сакаат да пријават коруптивни активности или неправди и прекршувања на законите имаат посебна заштита. Како е кај нас? Зборуваат омбутсманот Иџет Мемети и др. Слаѓана Тасева.
26.09.2013 Што претставува 5-та Конференција на државите членки на Конвенција на Oбединетите нации за борба против корупција и зошто е важна?
Претставниците од 167 држави членки на Конвенција на Обединетите нации за борба против корупција (UNCAC) ќе се состанат во Панама Сити во Ноември на 5-та Конференција на UNCAC. Овој самит кој се одржува на секои две години е главна глобална можност за проверка на прогресот под Конвенција на обединетите нации за борба против корупција и за здружени заеднички напори против корупцијата.
Преку илјада државни службеници се очекуваат да присуствуваат, заедно со претставниците од меѓувладините агенции и граѓанско општествени организации (CSO). Секретаријатот за UNCAC COSP е канцеларијата за дрога и криминал на обединетите нации (UNODC).
17.09.2013 Здружението Transparency International – Macedonia Ве информира дека до Собранието на Република Македонија побаравме информација од јавен карактер во врска со исполнетоста на формалните услови за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, од страна на госпоѓата Љубинка Корабовска, член од составот избран на 06.04.2011 година.
Поради нецелосна информација во одговорот по Барањето поведовме жалбена постапка пред Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Комисијата на 12.07.2013 година (број 07-27) го врати предметот до имателот на информации (Собранието на Република Македонија) на повторно постапување со конкретна насока дека бараната информација е од јавен карактер.
Станува збор за првични наоди на Комисијата составена од Слаѓана Тасева и Драган Малиновски која во изминатите три месеци ја контролираше документацијата за изградбата на споменици и други објекти во општината, во период додека со нејзе раководеше претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, а мнозинството во Советот беше од ВМРО ДПМНЕ.
„Во периодот од 2007 до 2013 година, за изведбата на спомениците и пропратните содржини од централниот буџет се префрлени на сметката на Општина Центар вкупно 3.551.068.000,00 денари или 58.023.986,00 евра, за кои нема законска оправданост“ – оценила Комисијата.
Во овој прв дел од работата на комисијата била анализирана правната рамка и процедурите по кои постапувала Општината, при што „комисијата воопшто нема дилеми“ дека се постапувало надвор од законите и дека општина Центар практично немала надлежност да постапува во овој тип споменци и да гради објекти на река Вардар.
Иницијативата ја поднесовме откако беа разгледани повеќе пријави од граѓани со сомнеж за селективно спроведување на законската одредба од страна на службени лица на гранични премини на Република Македонија.
Според Уставот на Република Македонија граѓаните можат слободно да ја напуштат и да се вратат на територијата на државата.
Одземањето на патните исправи поради тоа што граѓанинот бил депортиран од странска држава не може да биде оправдано со ниеден од со Уставот точно определените случаи и околности.
11.07.2013 Во Република Македонија постои слаба правна рамка и уште послаба практика во обезбедување на веродостојноста на финансиските извештаи на политичките субјекти кои учествуваат во изборите. Едновремено постои многу добра правна основа но изразено слаба примена на одредбите кои се однесуваат на транспарентноста и на државниот надзор над финансирањето на политиката за време на избори.
За проектот
Во период од три години (2010 – 2013) Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамки на проектот КРИНИС – “Осветлување на парите во политиката” спроведе две истражувања и низа други активности насочени кон подигање на свеста, подобрување на легислативата и практиката во однос на транспарентноста на парите во политиката. Целта на овој проект беше да се постигне повисок степен на транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку вреднување на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.
Проектот се реализираше преку методологија утврдена од страна на Транспаренси Интернешнел, позната како Кринис методологија, која што вклучува следење на два различни вида на политичко финансирање и тоа: редовното финансирање на политичките партии и финансирањето на изборна кампања за парламентарни или претседателски избори.
Резултатите од првото истражувањето ги презентиравме во 2011 година, а резултатите презентирани во публикацијата: “Купување влијание: Парите и политиката во Република Македонија”, се однесуваат само на транспарентноста на финансирањето на политичките партии за изборната кампања на вонредните парламентарни избори во 2011 година.
kupuvanja_vlijanie_-_parite_i_politikata_vo_rm 1.41 Mb