Оглас за вработување на Асистент на проект
05.01.2017 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следново работно место:.
1. Позиција: Асистент на проект
Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Диплома за завршено високо образование;
– Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
– Активно користење на MS Office;
– Способност за подготовка на извештаи и статистички прегледи
– Одлични комуникациски вештини;
– Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
– Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.