09.12.2010 Корупцијата се зголемила во последните три години, сметаат шест од 10 луѓе во светот, а еден од четворица изјавил дека платил поткуп во изминатата година. Ова се резултатите од Глобалниот корупциски барометар за 2010, истражување на јавното мислење во врска со корупцијата на светско ниво, кое денес, на Светскиот ден за борба против корупцијата, е објавено од страна на Transparency International (TI).
Мислењата во врска со анти- корупциските трендови се најнегативни во Европа и Северна Америка, каде што 73 %, односно 67 % од луѓето сметаат дека корупцијата забележува пораст во последните три години.
И покрај овие резултати, истражувањето исто така дојде до наоди дека секој седми од 10 луѓе е спремен да пријави случај на корупција.
obrakjanje_tnk_9_dekemvri_2010 118.49 Kb
prezentacija_gcb_2010 150.07 Kb
gcb_2010_macedonian 231.42 Kb
gcb_2010_cesto_postavuvani_prasanja 115.36 Kb