Шести „стент“ од Брисел за излез од македонската стагнација

 mac-euflag.jpg08.10.2014 Без големи изненадувања беше дочекан годинашниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија. Политичко-експертската јавност во забелешките на ЕК гледа сериозни знаци на загриженост на Брисел за состојбите во земјата.

Аналитичарите сметаат дека со шестата по ред препорака за преговори со ЕУ, Македонија добива само уште еден „стент“ за поттикнување на суштински напредок и реформи, кои би ги оживотвориле критериумите неопходни за интеграција на земјата во европското семејство.

 

 

Прочитај повеќе

Оглас за експерт за јавно застапување

ti-m.jpg 15.10.2014 Транспаренси Интернешнл Македонија има потреба од експерт за јавно застапување, во рамките на спроведувањето на проектот: „Поддршка на независни медиуми во Република Македонија: Застапување и тренинг за да се промовира посветеноста кон најдобрите меѓународни практики“. Времетрање на работата е три работни дена.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Успешно постапување по пријави од граѓани доставени во ТИ Македонија

stopthecorrupt.jpg 15.09.2014 Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) сака да ја извести јавноста за успешно спроведени случаи на спречување на корупција по пријава од граѓани, при што е откриена злоупотреба на 902.918,00 денари средства од Буџетот на Република Македонија, а спречен е и случај на судир на интереси при вработување во државна институција. И двата случаи се покренати откако граѓани ги пријавија овие неправилности во Транспаренси Интернешнл –Македонија, а по преземените постапки од страна на нашата невладина организација, следуваше реакција од надлежните институции.
 
 
Прочитај повеќе

TI-M has opened call for recruiting a research assistant for the National Integrity System project

15.08.2014 Transparency International -Macedonia has opened the call for a research assistant under the National Integrity System (NIS) project

Background
Transparency International Macedonia (TIM) is the national chapter of Transparency International, the global civil society organization leading the fight against corruption.
Transparency International raises awareness of the damaging effects of corruption and works with partners in government, business and civil society to develop and implement effective measures to tackle it.

Transparency International Macedonia has opened the call for recruiting a research assistant to assist and work for a research assessment in the framework of the project “National Integrity System” (NIS), a regional project to be implemented by Transparency International in seven countries of the Western Balkans and Turkey.

 

 

Прочитај повеќе

Предложениот текст за измени на Законот за спречување на корупција треба да биде повлечен

press18062014.jpg 18.06.2014 Во оваа прилика и во контекст на случувањата по повод јавно објавениот случај Македонска Банка укажуваме на Членот 19 од Законот за спречување на корупцијата „Заштита на соработници на правдата и сведоци„ според кој не може да се презема казнено гонење или да се повика на каква и да е друга одговорност лице што открило податоци што укажуваат на постоење на корупција, а лицето има право на надомест на штета што може да ја претрпи тој или член на неговото семејство поради дадената изјава и сведочење.
Транспаресни Интернешнeл – Македонија во неколку наврати укажа дека постои неопходна потреба од нормативна заштита на пријавувачите на корупција со цел граѓаните да се охрабрат и да придонесат кон осветлување на коруптивни практики, кои треба да бидат забележани и документирани за во иднина да бидат елиминирани. Владата Нацрт предлогот на Закон за измени и дополнувања на Законот за спречување на корупција го објави на 31.12.2013 година.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Граѓаните од Источниот регион пријавуваат најмногу корупција

17.06.2014 Се повеќе граѓани пријавуваат корупција. Во изминативе две години, пријави за корупција имало во просек дневно по две. Вкупно за две години се поднесени над 800 пријави, од кои 200 се во источниот регион. За разлика од порано кога корупцијата беше табу тема, сега граѓаните се порешителни на неа да и кажат стоп. Дури 80 % од анкетираните граѓани се изјасниле дека ќе пријават корупција, но во истовреме се пожалиле и на инертност на надлежните институции кои треба да преземат мерко за решавање на пријавите.
Инаку, математиката покажува дека поради мито и корупција , на директен и индиректен начин, државата годишно губи и до една милијарда евра.

 

Се повеќе граѓани пријавуваат корупција. Во изминативе две години, пријави за корупција имало во просек дневно по две. Вкупно за две години се поднесени над 800 пријави, од кои 200 се во источниот регион.
Овдешните жители најмногу реагираат на случаи поврзани со вработување, комуналии, урбанизам и судство. – See more at: http://www.televizijastar.com/index.php/2013-12-12-17-26-39/2013-12-12-17-54-11/item/1137-gragjanite-od-istochniot-region-prijavuvaat-najmnogu-korupcija#sthash.nB0nM98m.dpuf

 
 

Се повеќе граѓани пријавуваат корупција. Во изминативе две години, пријави за корупција имало во просек дневно по две. Вкупно за две години се поднесени над 800 пријави, од кои 200 се во источниот регион.
Овдешните жители најмногу реагираат на случаи поврзани со вработување, комуналии, урбанизам и судство. – See more at: http://www.televizijastar.com/index.php/2013-12-12-17-26-39/2013-12-12-17-54-11/item/1137-gragjanite-od-istochniot-region-prijavuvaat-najmnogu-korupcija#sthash.nB0nM98m.dpuf
Се повеќе граѓани пријавуваат корупција. Во изминативе две години, пријави за корупција имало во просек дневно по две. Вкупно за две години се поднесени над 800 пријави, од кои 200 се во источниот регион.
Овдешните жители најмногу реагираат на случаи поврзани со вработување, комуналии, урбанизам и судство. – See more at: http://www.televizijastar.com/index.php/2013-12-12-17-26-39/2013-12-12-17-54-11/item/1137-gragjanite-od-istochniot-region-prijavuvaat-najmnogu-korupcija#sthash.nB0nM98m.dpuf

Се повеќе граѓани пријавуваат корупција. Во изминативе две години, пријави за корупција имало во просек дневно по две. Вкупно за две години се поднесени над 800 пријави, од кои 200 се во источниот регион.
Овдешните жители најмногу реагираат на случаи поврзани со вработување, комуналии, урбанизам и судство.

Прочитај повеќе

Фридом Хаус: Македонија се врати 10 години наназад

freedomhouse.jpg 12.06.2014 На листата на нации во транзиција на Фридом Хаус, Македонија во 2014 година е ставена во категоријата каде што беше пред 10 години. Падот се должи на влошувањето на состојбата со независни медиуми во земјата.

Земјите на листата на Фридом Хаус се рангирани на скала од 1 до 7, при што со 1 се претставени земјите кои бележат најголем демокртаски прогрес, а со 7 оние кои имаат најниско ниво на демократски прогрес. Македонија на оваа листа има демократски индекс од 4,00, односно припаѓа на категоријата на „транзициони/хибридни режими“. Во истата група се наоѓаат и Украина (4,93), Грузија (4,68), Молдавија (4,86), Албанија (4,18) и Босна и Херцеговина (4,43).

По категории, кои заедно ја чинат вкупната оценка, Македонија во извештајот на Фридом Хаус, со наслов „Нации во транзиција“, е категоризирана на следниот начин: изборен процес (3,25), цивилно општество (3,25), независност на медиуми (5,00), корупција (4,25), демократско управување на национално ниво (4,25), демократско управување на локално ниво (3,75) и правна рамка и независност на правосудството (4,25).

 

 

Прочитај повеќе

Новинарите на 24 Вести и на Канал 77 унапредуваа дел од професионалните вештини

ws31052014.jpg 03.06.2014 Унапредување на некои од вештините на новинарите и уредниците на телевизијата 24 Вести и на Радио мрежата Канал 77, беше главна цел на работилниците што се одржаа за време на викендот на 31.05 и на 01.06 2014.
Работилниците во организација на Транспаренси Интернешнл Македонија се во рамките на проектот Поддршка на независни медиуми во Република Македонија, што се спроведува заедно со британската невладина организација ЕРИС, а е финансиски поддржан од Европската Унија.
Со дел од новинарите и уредниците од  24 Вести, нашите експерти Марина Тунева од Скопје и Мартин Хакерби од Лондон разговараа и работеа на теми како што се одбирање на вистински агол при известување од настан или при соопштение од официјален извор, потоа на техники на убаво пишување, како и разработка на хипотетички сценарија за тв сторија, при што посебен осврт се даде на употребата на сликата, односно видео инстертирањето и покривање на текстот. Еден дел од работилницата беше посветен и на анализа на главната информативна емисија на ТВ 24 вести, при што се анализираше генерално содржината на вестите, но и во детали, еден од прилозите што биле емитувани.
 
 
 
Прочитај повеќе

Слаѓана Тасева:Антикорупциската комисија не постои

 
 

 

Инбокс 7: Неделава беа објавени финансиските извештаи на партиите за изборите.Реални ли се извештаите што ги прикажаа партиите?

Тасева: Долго време се боревме да се објавуваат јавно финансиските извештаи од партиските кампањи. Сега ја актуелизираме темата за реалноста и објективноста на тие извештаи. Покрај обврската да се објави тој извештај, Министерот за финансии има обврска да направи образец на кој партиите детално ќе може да ги пријавуваат и приходите и расходите направени во предизборните кампањи. Од овие извештаи реално може да се види од каде стигнале парите и за што се потрошени овие пари. Извештаите не се реални затоа што не се детални, многу се општи, генерализирани и од нив всушност, ништо, не може да се види.

Втората работа, е што во оваа кампања утврдивме дека влегуваат и сретства од други извори. Се плаќаат трошоци за кампањи од сметките на Локалните самоуправи. Таму влегуваат и сретства за кои не им го знаеме потеклото, како наводни донации од луѓе, а не знаеме ништо за потеклото на донираните пари.

   

Прочитај повеќе

Експерти: Говорот на омраза создава насилство

30.05.2014 оворот на омраза може да ги подгори меѓуетничките тензии во Македонија, а од друга страна, институциите не реагираат доволно за спречување на ширењето на омразата, велат упатените. 
 
Консултантот за медиуми Мартин Хакерби вели дека и покрај тоа што надлежните и публиката се свесни за штетноста на феноменот, проблемот сепак постои.
 
 
 


GOVOR NA OMRAZA 30 05 by 24vesti

Прочитај повеќе