ДЗР со негативно мислење за финансиските извештаи на министерството за здравство
06.11.2013 Во последниот извештај од ревизијата на финансиските извештаи, ревизорите констатирале дека во Министерството нецелосно е спроведен пописот на средствата, побарувањата и обврските, односно не е извршено усогласување на фактичката со сметководствената состојба на средствата, а пописот на обврските е формално спроведен со преземање на податоците од сметководствената евиденција.„Заради погрешно спроведените сметководствени принципи и начела во делот на спроведување на сметководствените трансакции и поради несоодветни комуникации и проток на информации и документи помеѓу секторите, најзначајните билансни позиции се погрешно, неосновано искажани во поголем износ што има влијание на реалното и објективното искажување на финансиските извештаи“, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.


