Среќна Нова 2014 година

                               Среќна Нова 2014 и Честит Божиќ

Merry Christmas and a Happy New Year 2014

 Gëzuar Vitin e Ri 2014

Sretan Bozić i Nova godina 2014

С Рождеством Христовым и с новым годом 2014

Fröhliches Weihnachten und Gutes Neues Jahr 2014

Navidad Alegre y feliz año nuevo 2014

                             Noël Joyeux et bonne Année 2014

christmas allegro ed anno nuovo 2014 e felice

السنة الجديدة السعيدة2014 

 

ti_greeting_card.gif

 

Реакција: Комисијата за пристап до информации го прогласи ТИ Македонија за противдржавен елемент

Утврдувајќи дека „Министерството за правда во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ врз основа на образложението дека „сликата што би се создала од погрешното разбирање на ситуацијата доколку се овозможи пристап до податоците во оваа фаза, може да предизвика поголема штета за Република Македонија отколку ако тие останат недостапни за барателот и јавноста.“ (цитат од Решението) Комисијата го прифатила ставот на Министерството за правда дека работењето на Транспаренси Интернешнел е штетно за државата.

Не е јасно како Комисијата утврди дека постои правилно утврдена фактичка состојба, кога образложението не содржи ништо друго освен воздржаност од „сликата“ што би се создала (претпоставен негативен став), за нешто кое е по значајно за граѓаните на Република Македонија од „сликата“ која треба да ја прифатат (исклучителен и некритички позитивен став).

Нов закон за кривична постапка- шанса за интегритет на судиите

Проф. Гордан Калајџиев и Проф. Богданчо Гогов: За новиот закон за кривична постапка, со кој се имплементира модерниот концепт за човековите права. Со тоа се става крај на судирот на интереси на судиите кои се рака под рака со обвинителството, но и на истражниот монопол на полицијата

Истрага на местото на злосторството: што ќе донесе новиот Закон за Кривичната Постапка

17.12.2013 Сигурно сте гледале барем една епизода од популарните американски серии како „Истрага на местото на злосторството“? Или барем една филмска сцена на жестоки судски испрашувања од страна на адвокатите? Новите закони и ја одземаат моќта на полицијата и ја селат во обвинителството. Но, дали Македонија е подготвена за еден од најголемите предизвици во судството?

 

Повик за обележување на 9-ти декември-Меѓународниот ден за борба против корупција

prijavikorupcija.jpg 09.12.2013 По повод меѓународниот ден за борба против корупција Транспаренси Интернешнл – Македонија на 9-ти декември организира кампања под мотото „Приклучи се и ти во борбата против корупцијата-Повлечи Црвена Линија!“ која ќе се спроведе со почеток од 11 – 13 часот на две локации: пред Домот на културата  во Тетово  и на плоштад “Слобода” во Штип.
ТИ-Македонија ги повикува граѓаните на Тетово и Штип и околните места во тие региони, на 9-ти декемви да се приклучат кон кампањата и да придонесат кон заложбите за осветлување и пријавување на коруптивните практики кои треба да бидат забележани и документирани со цел да бидат елиминирани.
 
 

Индекс на перцепција за корупција во 2013 година

cpi2013_easterneuropeandcentralasia.jpg 03.12.2013 Корупцијата и понатаму претставува проблем од висок прииоритет за Република Македонија. Резултатот од годинешниот Интекс на перцепција на корупцијата е речиси идентичен со резултатот од минатата година (43 : 44 индексни поени) и укажува на тоа дека постои застој во подобрувањето на состојбите во оваа сфера.
Очигледно е дека активностите кои ги преземаат властите се недоволни, а институциите се неефикасни. Недостатоците во владеење на правото создаваат сериозна недоворба на граѓаните во судството и собранието, како институции кои треба да обезбедат гаранција на вледеење на правото, заштита на јавниот интерес и просперитетна држава. Институциите досега не обезбедија доволна гаранција дека одговорните за корупција и незаконско работење нема да уживаат заштита и ќе бидат казнети. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени,„ изјави Проф. Др Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнел Македонија по повод објавувањето на резултатите на ИПК за 2013 година.
 
 
 
 
 
 
 

Скопје 2014 – Едно се договарало, друго се правело

sk2014.png 28.11.2014 Осум милиони евра повеќе платила Општина Центар за споменици за проектот Скопје 2014, се посочува во вториот извештај за ревизијата на проектот по барање на градоначалникот на општината Андреј Жерновски. Вториот, не е финален извештај, посочи еден од неговите изработувачи Драган Малиновски. Според поранешниот антикорупционер во проектов има уште работа, особено што се однесува до странските фирми кои добиле најголем дел од парите за изведба на споменици.

Комисијата забележала дека се фаворизирале фирми, како што е случајот со две италијански фирми поврзани преку сопственикот Фернандо Маринели. Останатите учесници на различни начини биле исклучувани од постапката, па така овие фирми ги изработиле сите споменици во периодот од јуни 2008 до јуни 2010, иако останатите понудувачи имале​драстично ниски цени.
 
 
 
 
 

Ревизија за зајакнување на имплементацијата на Конвенцијата на ОН

the-uncac-coalition.jpg На 25.11.2013 преку 1000 владини функционери ќе се соберат денес на самитот на Обединетите Нации во Панама на десетата годишнина од прифаќањето на Конвенцијата против корупција на Обиденитите нации. Транспаренси Интернешнал се јавува на самитот за да го зајакне процесот на ревизија кои ги проверува земјите дали се во согласност со конвенцијата. Конвенцијата против корупција на Обиденитите нации (UNCAC) е најважен инструмент за надминување на глобалната корупција која до денес е ратификувана од страна на 168 земји и претставува импресивно достигнување. Новиот извештај од Транспаренси Интернешнал укажува дека најефективен начин да се осигура континуирана државна обврска и интензитет за акција е да се подоби ревизијата на државата и следење  на препораките кои произлегле.
 
 

Повик за волонтирање

15.11.2013 Транспаренси Интернешнл – Македонија има потреба од волентер/ка со завршен правен факултет, мотивиран/а да се стекне со ново работно искуство во граѓанска организација чија основа цел е да воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата. ТИ-Македонија во текот на спроведувањето на програмските активности има потреба да регрутира волонтер/ка кој сериозно ќе пристапи кон обврските и несебично ќе се вложи во текот на нивната реализација.

Волонтерскиот ангажман е предвиден во период од 3 месеци, при  што рокот на пријавување е до 30 ноември 2013. Сите заитересирали лица кои сакаат да аплицираат на повикот за волонтирање потребно е да испратат биографија и мотивационо писмо на следнава маил адреса: job@transparency.org.mk

Ви благодариме за вашиот интерес и желба да волонтирате во Транспаренси Интернешнл-Македонија.