Малку се следи патот на парите во борбата против корупцијата

corruption_happens.gif 14.03.2012 Мерката за спречување на корупцијата со примена на конфискација на имот воопшто не се применува или нејзината примена е незначителна, се наведува во извештајот на коалицијата „Сите за правично судење“, која спроведе истражување за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата. Ваква забелешка е нотирана и во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, каде што се наведува дека капацитетот на судството да се справи со чувствителните случаи на корупција на високо ниво е слаб, дека судовите за таквите случаи применуваат благи казни, како и дека примената на мерката конфискација е незначителна.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Периодична публикација на Transparency International-Macedonia “АУДЕО бр.3”

audeo.jpg

21.02.2012 Пред Вас се наоѓа третото издание на електронската публикација „АУДЕО“. Содржината на овој број е посветена на односот на Република Македонија кон интересите на монополите, а евидентно и спротивно на уставните определби, преку грбот на граѓаните и спротивно на нивните интереси.
Неодамна започна разврската на аферата „Телеком“ со која според она на што се согласил Маѓар Телеком во САД, од 2005 до 2007 година бил продолжен монополот на Маѓар Телеком со согласност од функционери во Владата на Република Македонија. Анализата и 
заклучоците до кои дојде ТИ–Македонија за постапките на релевантните органи во САД и Република Македонија се пред Вас. Наодите од анализа на обемот и начинот на покриеност на оваа тема во медиумите од аспект на истражувачкото новинарство се исто така составен дел на ова издание.
Дополнително, дека монополите посегаат по најосновните потреби на граѓаните, здравјето и комуникацијата, зборува и позицијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) која допрва ќе се димензионира со промените во здравствената легислатива.
 
  
 

Прочитај повеќе

Работилница со претставници од медиумите во РМ

 

rt17022012.jpg

17.02.2012 Институциите за прогон не се заинтересирани за разрешување на аферата со поткупот во Телекомот, изјави вчера Слаѓана Тасева, претседателката на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ на тркалезната маса што се одржа во Скопје. Оваа невладина организација пред неколку недели понуди анализа на скандалот и откри дека токму грчкиот милијардер Димитрис Контоминас бил посредник во поткупот на македонските политичари од редовите на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.
-Очекувавме дека тоа што го понудивме ќе биде разработен и ќе послужи за анализа на се што се случувало од 2000 година па наваму, од приватизацијата на еден монопол, кој по трансформацијата продолжи да биде монопол. Тоа значи дека некој водел грижа за се освен за интересите на граѓаните. Институциите не се притиснати од никого да ги бараат виновниците во овој скандал и прашање е дали ќе се согласиме да остане вака? – изјави Тасева и нагласуваше дека е интересно што откако ги објавиле нивните сознанија, ниту една партија не се огласила да ги дискредитира, како што, обично, било случај.
 
 
 
Прочитај повеќе

Кој е Кондоминас – бизнисменот што не важи за светец?

dkontominas.jpg
02.02.2012 Грчкиот милијардер Димитрис Кондоминас, за кој „Транспаренси Интернешнл Македонија“ тврди дека е вклучен во големиот корупциски скандал на „Дојче телеком“, пред една година повторно ги насочи бизнис-стрелите кон нашата држава. Прво со вклучување во проектот „Скопје 2014“ преку купување на земјиштето на плоштадот Македонија за изградба на барокниот хотел и офицерскиот дом, проект за кој фирмата на Кондоминас „ДЕМКО“ беше единствен понудувач и доби површина од 6.308 квадратни метри за околу 630.000 евра. Кондоминас потоа се обиде неуспешно да се вклучи и во енергетскиот бизнис преку учество на тендерите за изградба на хидроцентрали во Македонија.
 
 
Прочитај повеќе

Разврската на аферата со МАЃАР ТЕЛЕКОМ предизвик на македонската кривично правна практика

31.01.2012 Transparency International  – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
 
 
 
 
 
 

pdf criminal_usa_v_dt_agreement 1.75 Mb

 

pdf sec_litigation_executives_-_usa 888.50 Kb

 

 

Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

30.01.2012 Транспаренси Интернешнл – Македонија на 31.01.2012 г. (вторник) со почеток во 12:00 часот ќе одржи прес конференција на која ќе биде презентирана анализа на постапувањата на надлежните институции во врска со констатираните неправилности во работењето на Маѓар Телеком, преку неговата филијала во Република Македонија.
 
 
Прочитај повеќе

Македонија на најлоша позиција според слободата на говорот во регионот

 rwb.gif25.01.2012 Македонија се најде на 94-тата позиција, воедно забалежувајќи пад од лани, според слободата на говорот, стои во извештајот на новинарската асоцијација “Репортери без граници“ за 2011 година. Македонија е на дното во регионот и се наоѓа зад Словенија, која е во најдобра ползииција- на 36 место, потоа следат Хрватска на 68., Грција три места подолу. Србија според слободата на говорот се наоѓа на 80-то, а едно место подоли е Бугарија. Полоша од нашата е позицијата на Црна Гора која се најде на 107-мо место.
“Никогаш немало повеќе цензура и помногубројни злоупотребувања на физичкиот интегритет на новинарите“, е заклучокот на “Репортери без граници“ за состојбата со слободата на говорот во 179 земји за 2011 година.

 

 

Прочитај повеќе

“Фридом хаус“: Македонија останува делумно слободна земја

freedomhouse.jpg
20.01.2012 Според нивото на демократија, Македонија е делумно слободна земја, се наведува во годишниот извештај на организацијата “Фридом хаус“. Според ова, Македонија минатата година не забележала никаков напредок во развојот на политичките права и граѓанските слободи оти и во ланскиот извештај Македонија беше сместена во групата “делумно способни“ држави. Во извештајот, исто така, се истакнува дека во земјава постои голем притисок врз слободата на медиумите.
Во последниот извештај на американската организација “Фридом хаус“, во кој е дадена оценка на политичките права и граѓанските слободи, меѓу 87-те слободни земји се Србија, Хрватска и Црна Гора, додека меѓу 60-те држави коишто се оценуваат како делумно слободни се наоѓаат Босна и Херцеговина, Македонија и Косово.
 
 
Прочитај повеќе

Maкедонија затвора очи за корупцијата

udripari.jpg 09.01.2012 Мегаскандалот што американското Министерство за правда и Комисијата за хартии од вредност го открија со коруптивната афера на „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“, кои со поткуп од околу пет милиони евра на високи функционери од Македонија си обезбедиле сигурна позиција на пазарот, им задава сериозен удар на декларативните заложби за борба против корупцијата и криминалот во земјава.

За експертската јавност е сосема нејасно и несфатливо како Јавното обвинителство не отвора постапка со доказите кои ги објавија американските власти, но имаат доза на оптимизам дека еден ден сепак ќе се расветли овој случај, кој правно не застарува.

 
 
Прочитај повеќе

Парите на партиите – слабост за државата

crinis28122011.jpg 28.12.2011 Оценка „нула“ доби Македонија во однос на санкциите – ниту една од политичка партија во земјава не била казнета за прекршување на Законот за финансирање партии.
Истражувањето што го спроведе „Транспаренси Интернешнл“ и повеќе универзитетски професори, според посебна методологија за државите од Западен Балкан, открива многу слабости во финансирањето на македонските партии. Индексот на транспарентност на партиското финансирање се мерело од 0 до 10. Македонија добила оценка од 4,6 што е просечна бројка, но поблиску до долната граница. Партиите лошо стојат и во однос на веродостојноста на извештаите за тоа како се финансираат.
 
 
 
 
Прочитај повеќе