Бизнис тајните од тропските острови и Скопје 2014
15.02.2014 Што е јавна, а што класифицирана информација? Како функционира Законот за право за пристап до информации од јавен каректер? Гости на Борјан Јовановски се Сабина Факиќ и Данче Даниловска
12.02.2014 Нов пад, за седум места, бележи Македонија на ранг-листата на медиумската организација „Репортери без граници“ за слободата на информирањето во минатата, 2013. година. Ланската година се чинеше дека Македонија го достигна дното, откако беше рангирана на 116. место, но слободниот пад, кој трае од 2009. година, кога земјата била на респектабилното 34. место, сѐ уште трае.
Земји како Венецуела, Јужен Судан, Непал, Алжир и Мали котираат пред Македонија во однос на слободата на информирањето, а недалеку зад земјата на листата е Авганистан.
Репортери без граници го наведуваат и затворањето на новинарите Томислав Кежаровски и Зоран Божиновски.
11.02.2014 Слаѓана Тасева, неуморен борец против корупцијата во Македонија, во интервју за „Фокус“ проговори за најголемите афери во изминативе години, и објасни зошто мисли дека ниедна власт нема искрена волја да се справи со финансискиот криминал. ТАСЕВА Овој закон е донесен во 2004 година, во корпусот на антикорупциски закони. Значи, расправајќи тогаш за проблемот со корупцијата, односно за финансирањето на политиката – дојдовме до едно размислување, дека можеби е добро да се овозможи, како што има и во други држави, да се обезбеди финансирање на политичките партии од буџетот на државата. Тоа би биле пари за нивните основни, секојдневни активности и во период кога не се случуваат избори. Иницијативата за пишување на овој закон потекна од пратениците во тоа време, од Жерновски и од Шапуриќ.
10.02.2014 Ревизијата што беше спроведена за проектот “Скопје 2014“ ќе има разрешница, делата што се опфатени не застаруваат. Ова го изјави Слаѓана Тасева, престседателка на Транспаренси Интернешнл.
Целата емисија Тренд изгледајте ја во продолжение.
06.02.2014 Транспаренси Интернешнл- Македонија во неколку наврати и укажа на надлежните институции дека постои неопходна потреба од нормативна заштита на пријавувачите на корупција со цел граѓаните да се охрабрат и да придонесат кон осветлување на коруптивни практики, кои треба да бидат забележани и документирани за во иднина да бидат елиминирани. Владата го стави овој закон во програмата за 2013 година, поради што на крајот на годината и потсетивме дека рокот е поминат.
23.01.2014 Во најновиот извештај на Фридом хаус се оценува состојбата со слободата во 195 земји и 14 територии во текот на минатата година. Секоја од нив добива оценки во две категории: политички права и граѓански слободи. Највисоката е единица, а најслабата е седумка. Македонија и годинава за двете категории е оценета со тројка.
16.01.2014 Апсењето на бизнисменот Димитрис Кондоминас во Грција треба да ја „воскресне“ истрагата за подзаборавениот случај „Маѓар Телеком“ во Македонија, смета претседателката на „Транспаренси Интернешнл Македонија“, Слаѓана Тасева. Таа најави дека како организација до грчкото јавно обвинителство ќе ги достават сите документи со кои располагаат за вмешаноста на Кондоминас во аферата „Маѓар Телеком“.
– Тој во случајот кој ние го обелоденивме ги ставил на располагање своите компании со цел преку нив да се извршат трансфери за да се даде поткуп на високи функционери во РМ, а тие дејствија се инкриминирани во сите меѓународни договори и конвенции на кои е потписник Република Грција и тие ги имаат истите дејствија во своите кривични дела, вели Тасева.