Конвенцијата на ОЕЦД има потреба од засилено спроведување, покажува новиот извештај на ТИ

 ti

18.07.2007 Извештајот на ТИ за прогресотза спроведување на конвенцијата ОЕЦД покажува дека половина од 34- те потписници на Конвенцијата за борба против корупцијата на странски државни службеници не ја спроведуваат Конвенцијата и не ги исполнуваат обврските. Зејмите- потписнички се вклучени во две тертини од светскиот извоз на стоки и услуги. Во исто време постои значајно засилување во 14 земји споредено со 12 и 8 во 2005 година.

 

„Посилни мерки мора да се применуваат со цел да се осигура согласност од владите коишто не покажуваат политичка волја за прогон на подмитувањето.  Пасивноста на една земја ги потценува напорите на другите, конечно повредувајќи ја интернационалната конкуренција и бизнис“ рече претседателот на ТИ, Хјуџет Лабел.

 

Од осумте најголеми извезувачи, Франција, Германија, Италија, Холандија и Соединетите Американски Држави направија значаен напредок во спроведувањето , но немаше значајни прогони во Канада, Јапонија и Велика Британија.

 

Прочитај повеќе

Санкции за судиите кои судат во неразумен рок

sudstvo

18.07.2007 Судиите кои непотребно ги одолговлекуваат судските спорови во иднина ќе сносат одговорност за судење во неразумен рок. Особено ќе бидат санкционирани оние делители на правдата за чии неразумни спорови државата плаќа казна по пресуда донесена во Судот за човекови права. Министерството за правда веќе подготвува посебен закон за судење во разумен рок, во кој ќе бидат вметнати санкиите за судиите за одолговлечување на судските постапки. И министерот за правда Михајло Маневски потврди дека се подготвува ваков закон, кој ќе има за цел да се спречи непотребното одложување на судските спорови и да се намали бројот на претставките поднесени до Судот за човекови права во Стразбур.

 

"Нелогично е државата да плаќа штета по основ пресуди на Судот во Стразбур, а да не се утврди одговорност на оној поради кој настанала штетата. Недопусливо е судските процеси да траат по повеќе децении, бидејќи секој граѓанин има право на правично судење и одлука за судот во разумен рок" – ни рече Маневски.

 

Дека судиите треба да сносат одговорност за судењата во неразумен рок се согласува и првиот човек на Врховниот суд, Дане Илиев. Тој вчера ни потенцираше дека Општата седница на Врховниот суд донела одлука да му предложи на Министерството за правда да направи измени и дополнувања на Законот за судови во делот кој се однесува на ефикасно отстранување на предметите кои се судат во неразумен рок.

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец Јуни 2007 г.

bistro-matno

15.07.2007 Екстрадицијата на контроверзниот бизнисмен, Методија Смиленски, по речиси едногодишен притвор во Србија, кој е обвинет за повеќе проневери, е најпозитивниот настан во областа на корупцијата во јуни.

Речиси едногласно за тоа се определија главните уредници на националните електронски и печатени медиуми во анкетата „Барометар на корупција – Бистро/Матно“ на Новинската агенција Макфакс и на невладината организација „Нулта корупција“.

Најматен настан во областа на корупцијата во јуни е пропуст на обвинителството и судството во процесот за продажба на армиското оружје. За него гласаа 8 од вкупно 16 главни уредници, учесници во анкетата.

Прочитај повеќе

До инвестиции преку стопирање на корупцијата

13.07.2007 Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере го оцени како успешен проектот "Техничка помош на Министерството за економија за подобрување на инвестициската клима во земјава". Според него, клучниот предизвик за развој на Македонија се странските вложувања.   – За да се привлечат странски инвестиции потребно е и оспособување на околината за функционирање на бизниси, како и…

Прочитај повеќе

Промовирана новата државна програма за спречување на корупцијата

dksknatpis

12.07.2007  Државната комисија за спречување на корупцијата денеска во Скопје ја презентираше програмата за превенција и репресија на корупцијата која за прв пат воведува систем на мерливост.

“Мерливоста е посебно важна поради димензија на мерките, тајмингот на нивната реализација, интензитетот и можноста побрзо да се реагира“, изјави на промоцијата претседателот на Комисијата Мирјана Димовска.

Дел од предлозите во новата програма се неменување на државната администрација една година пред и по изборите, на јавниот обвинител до истекот на неговиот мандат, отворање на собраниските тела за експерти, ревизорски контроли на партиите и изборите, како и основање на база на податоците.

“Базата на податоците ќе биде основа за градење на капацитетите на државните институции“, рече Димовска, додавајќи дека мрежното поврзување на органите ќе го подигне нивото на нивна соработка.

Прочитај повеќе

Работилница посветена на агро секторот и медиуми

 ws11072007

11.07.2007 „Транспарентност нулта корупција“ во рамките на проектот „Подобрување на корпоративниот менаџмент за ’0’ толеранција за корупцијата, денес, одржа работилница посветена на агро- секторот и секторот медиуми.

Целта на работилницата беше претставниците од двата сектора да ги потенциратт проблемите со кои се соочувааат во своето работење, критичните точки на корупцијата, да дискутираат и даваат предлози околу нацрт- етичкиот кодекс чијашто финална верзија би била прифатена и имплементирана од страна на субјектите од приватниот сектор.

 

„Борбата против корупција не може да ја води владата сама, треба да се инволвираат сите сектори заедно, а особено внимание треба да се посвети на приватниот и неговата врска со јавниот сектор“ – истакна доц.д-р Слаѓана Тасева, претседател на програмскиот совет на „Транспарентност- нулта корупција“.

 

Претседателот на Стопанската комора на северо- западна Македонија, Џемаил Даути истакна дека членовите на оваа комора постојано се соочуваат со корупцијата во сите општествени сфери и институции и предложи составување на етички кодекс прилагоден за помалите фирми, како и изнаоѓање начин за стимулирање на придржувањето кон истиот.

Прочитај повеќе

Македонските новинари подготвени да се соочат со митото и корупцијата

corruption_happens

10.07.2007  Новинарите од Македонија се подготвени да се соочат со корупцијата, митото и неетичкото однесување во сопствените редови.
Ова, како што јави дописникот на Макфакс, беше речено на конференцијата за спречување на корупцијата меѓу новинарите, што денеска се одржа во Охрид.

Конференцијата е прва од серијата јавни дебати што ги организира Здружението на новинари на Македонија-ЗНМ, Институтот за трајни заедници и УСАИД. Од расправата треба да произлезат заклучоци кои ќе бидат имплементирани во новинарскиот кодекс.

„Никој не е имун на корупција, па ни новинарите и затоа е потребно отворено да се разговара и да се исчисти сопствениот двор од поединци кои со неетичкото однесување го девалвираат новинарството“, смета претседателот на ЗНМ Роберт Попоски.

Прочитај повеќе

Политиката е најдоходовниот бизнис во државата

election2006

09.07.2007 „Финансирањето на политичките партии пред избори е моментот кога политиката станува најдоходовниот бизнис во државата. Ова не само што е болна точка за која е утопија да се говори, туку дефинитивно е најсивата зона од сите сиви зони“, потенцира професорот на Правниот факултет, Ванчо Узунов. Според него, спонзорството може да биде оправдано само за добра иднина, а не и за сопствена инвестиција. „Ако некој бизнисмен финансира политичка кампања, тој прави многу добра рентабилна инвестиција. Партиите кои ја освојуваат власта потоа му враќаат од јавните пари. Финансирањето во политичка идеја или програма не е забрането, но треба точно да се знае кој плаќа за партиите“, додава професор Узунов. Транспарентноста е потребна за да се знае дали трошењето на јавните финансии е квалитетно или искривено. Тоа може автоматски да се препознае на тендерите, ако листата на финансиери се совпадне со оние кои добиле зделка на тендер. Експертите потенцираат дека процедурата за јавни набавки е сложена, а дека квалитетот на вработени кои се вклучени во постапките треба да биде екстра-добра. Најважно е да се обезбеди нивна независност од власта, а во одлучувањето кој да добие јавен тендер никаков удел не смее да има ниту еден извршен функционер.

Проектирањето на буџетот со години наназад не се менува, а ставките се препишуваат. Многу ретко се анализира дали се потребни такви буџетски зафаќања или не. Ефектот може да е нула, но ништо не се менува. Најлошите менаџери се оние кои и тогаш кога имаат пари остануваат сиромашни. Експертите се сомневаат дека програмите во државните органи се донесуваат врз функционална анализа, а уште помалку веруваат дека во администрацијата има луѓе оспособени за тоа.

Прочитај повеќе

Конфискација на имот – помалку криминал

ws05072007

05.07.2007  Конфискацијата на имот на сторители на криминални дела ќе придонесе за намалувањето на криминалните дејности во државата.
Ова, како што јави репортерот на Макфакс, е истакнато на работилница на тема „Значењето на мерката конфискација во борбата против корупцијата“, што денеска се одржа во Скопје.

Според Слаѓана Тасева, претседател на програмскиот совет на „Нулта корупција“ , потребно е државните органи да ги следат трансакциите на парите, за да може навреме да се открие дали тие се стекнати на криминален начин.

Таа изрази верување дека точна мерка за конфискација ќе ги намали криминалните дејства во земјата.

Министерот за правда Михајло Маневски, осврнувајќи се на измените што се подготвуваат во Законот за спречување корупција, посочи дека целта е казната да го погоди сторителот.

Маневски укажа и на тешкотиите со кои се соочуваат државните органи, особено кога треба да се истражуваат тајни банкарски сметки.

Според него, политиката на банките не дозволува пристап и истрага на овие сметки.

Во таквите случаи се започнува со масовна истрага, а потоа работата спласнува поради недостиг на одредени информации, смета Маневски.

Прочитај повеќе

Парите за непогоди потрошени за избори

dzr-office

03.07.2007 Наместо за елементарни непогоди и трошоци во случај на „виша сила“, парите од буџетската резерва лани, без амин од Собранието, Владата ги трошела за други програми и проекти, утврди Државниот завод за ревизија. Ревизорите ги оспоруваат финансиската поддршка на МРТ од 1,7 милион евра, услугите на експертска куќа и меѓународна адвокатска фирма од Швајцарија вредни околу еден милион евра, кофинансирањето на филм со 131.000 евра за кој претходно биле потрошени планираните 1,2 милион евра, подготовката на парламентарните избори со околу 39.000 евра. Во ревизорскиот извештај за Буџетот за 2006 година на одговорност се повикуваат претходниот и сегашниот министер за финансии, Никола Поповски и Трајко Славески.

Спорни се и околу 205.000 евра потрошени за хигиена, обезбедување, ПП-заштита и тековно одржување, над 97.000 евра за аконтација на судски трошоци во Париз, околу 39.000 евра за реализација на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа, како и трансфери до невладини организации и здруженија надвор од предвидени пари во годишните програми и закони. Ревизорите посочуваат дека во овие случаи не станува збор за непредвидливи трошоци и за нив морало да одлучува Собранието. Тие утврдија и дека кај шест буџетски корисници биле зголемени буџетите за 2,1 до 15,6 отсто со пари од тековните резерви. Подготвувањето на Буџетот доцнело во сите фази, што се објаснува со незавршените преговори со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд.

Прочитај повеќе