Политичката волја клучна во борбата против корупцијa

 

monrt1202 12.02.2007  Решителна политичка волја е клучна во борбата против корупцијата – оцени денеска вицепремиерот за евро интеграции Габриела Коневска Трајковска

„Борбата против корупцијата е борба на изразена политичка волја. Може да има идеални закони, но, ако не се спроведуваат, нема да има резултати“, изјави Коневска-Трајковска, зборувајќи на денешниот собир на здружението „Нулта корупција“, на тема „Мониторинг на имплементацијата на Декларацијата „0“ толеранција за корупцијата“ во приватниот и јавниот сектор.

Македонија е на 105-то место во светот по корумпираност, од вкупно 165 држави, каде се испитувала оваа појава. Појаснувајќи го овој податок, Коневска-Трајковска потенцираше дека случаите против корупција се тешки бидејќи тешко се докажауваат, а како проблем ја издвои и недовербата на граѓаните во институциите.

 

Прочитај повеќе

Работилница за МСП на Нулта корупција

ws0702 

07.02.2007 Корупцијата е неминовна во општества каде владее мислење дека не може да се заврши ниту една работа без пријатели, политички интерес, непотизам и мито, рече Сузана Салиу од невладината организација Нулта корупција – Транспареност на денешната работилница организирана од оваа организација во рамки на проектот „Подобрување на корпоративниот менаџмент за нулта толеранција на корупцијата“.

Целта е, вели таа, да ги слушнеме денеска малите и средни претпријатија, со кои проблеми се соочуваат тие во својата работа и колку тие се сведоци на давање и примање поткуп, а потоа да се создаде етички кодекс на однесување чија доследна примена ќе даде позитивни резултати и во нивното  работење и во борбата за сузбивање на корупцијата.

На досегашните работилници спроведени во рамки на проектот со претставници од секторот трговијата и индустријата е посочено корупцијата најмногу се јавува во администрацијата, судството, катастарот, полицијата и царината. 

Прочитај повеќе

Финансирањето на партиите прв тест за антикорупционер

dkskon 

07.02.2007 Корупцијата во политиката и можностите за влијанија во различни сфери, следење на патот на парите од странските донации кои ги добиваат институциите, имотната состојба на именуваните и избраните функционери, како и објавувањето на податоците за нивните богатства на Интернет, се приоритетни задачи за новите антикорупционери. Вториот седумчлен волонтерски состав со петгодишен мандат, вчера, по минатонеделното изгласување во парламентот и положувањето на заклетвата, официјално ја презеде должноста од нивните претходници. Во екипата ќе работат Илми Селами, Ариф Муса, Цветко Мојсовски, Зоран Додевски, Мирјана Димовска, Љубинка Муратовска-Марковска и Мане Колев.

„Прашањето околу финансирањето на политичките партии во кампањата за последните парламентарни избори е активирано. Знаеме до каде се дојдени работите. Оценуваме дека токму тоа е подрачјето каде што и во иднина треба да ја насочиме нашата енергија“, изјави Мирјана Димовска, членка на Антикорупциската комисија. Таа предочи дека „недостига повисок степен за сензибилизација на сериозниот проблем со корупцијата“, особено поради фактот што Македонија е рангирана на високо место по степен на корупција. Антикорупционерите веќе ги добиле материјалите за изборната кампања на партиите на кои работела поранешната екипа.
 

Прочитај повеќе

Телевизиите црни донатори на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ

election2006 

06.02.2007  Партиите, пред се', СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и телевизиите најмногу ги прекршиле Изборниот законик и Законот за политичките партии на последните парламентарни избори, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите утврдиле дека телевизиите им наплатувале на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ поевтино отколку што пријавиле во Советот за радиодифузија. Разликата помеѓу цените пријавени во Советот и фактурираните за рекламирање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на националните електронски медиуми е 2,1 милиони евра. Врз основа на Законот за финансирањето, ДЗР ја пресметува оваа сума како донација на партиите добиена од телевизиите.

Според ревизорите, телевизиите го прекршиле Изборниот законик бидејќи фирма не смее да и' донира повеќе од 20.000 евра на партија. Двете партии со примањето на донациите го надминале законски дозволениот износ од 1.7 милион евра што можат да го потрошат за предизборна кампања.

Прочитај повеќе

Етички кодекс и деловните принципи клучни

kp0102 

01.02.2007 Воспоставување на етички кодекс и следење на меѓународните деловни принципи е целта на денешната работилница што ја организира „Нулта корупција”.

Работилницата, која се одржа во Клубот на пратениците, е посветена на темата ”Подобрување на корпоративниот менаџмент за нулта толеранција за корупцијата”, а денеска се организира во рамки на индустрискиот сектор.

Идејата на оваа работилница, според претседателката на Програмскиот совет на „Нулта корупција“ Слаѓана Тасева, е неодамна потпишаната Декларација за нулта толеранција за корупцијата, „да не остане само на хартија“.

Особен акцент, според Тасева, треба да се стави на заложбите за транспарентен менаџмент, зајакнување на етичкото управување, транспарентност во работењето и подобрување на корпоративното управување.
 

Прочитај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за пет пати го пробиле лимитот

udripari 

30.01.2007 Коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за четири-пет пати го пробиле законскиот лимит во кампањата за парламентарните избори во 2006 година. По осум милиони евра во гламурозни изборни активности, од митинзи, карвани, платени програми во медиуми, фаци на билборди, флаери, до капи, маици, пенкала, фрлиле двете најголеми партии. Сепак, пиедесталот неприкосновено го држи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кој за време на изборите се' уште беше на власт, но ни малку по расипништво не заостанува ни ВМРО-ДПМНЕ. Ова го тврдат ревизорите кои најавуваат дека ќе ги испочитуваат сите законски рокови до официјалното објавување на извештаите за осум политички парламентарни партии. За евентуалните дубари во финансиите на партиите на кои алудира Државниот завод за ревизија својот збор подоцна треба да го кажат овластените институции, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Управата за јавни приходи.

„Конкретните бројки за материјално-финансиското работење на партиите во текот на изборната кампања за пратеници ќе бидат достапни за јавноста до крајот на идната недела“, најави вчера главниот државен ревизор, Драгољуб Арсовски. „Ќе биде многу интересно“, додаде Арсовски, мислејќи на наодите до кои дошла екипата ревизори, правејќи контроли и во текот на кампањата, а по потреба се вклучувала и во продолжена ревизија.
 

Прочитај повеќе

Кампањата јавна, парите тајна

investmac 

27.01.2007  Владата не даде отчет колку буџетски пари се потрошени и уште колку ќе се потрошат за нејзините медиумски кампањи: „100 дена Влада“, „Плаќајте даноци“, „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис-рај во Европа“, „Македонија – земја на информатичари“.

Не се знае ни колку ќе чинат патувањата и престојот на министрите за странски инвестиции и тие за ангажман на консултантски куќи што ќе лобираат за Македонија.

За реклами на „Даночниот рај“ во 50 тиражни весници од 35 земји, премиерот Груевски процени дека трошокот ќе биде најмногу еден процент од првата инвестиција. Беше спомената и сума од околу 100.000 евра, но неофицијално. За „Плаќајте даноци“ биле искористени старите спотови, снимени во 2001 година, но останува тајна сумата потрошена за закуп на рекламниот простор.
 

Прочитај повеќе

Антикорупциската комисија го оправда своето постоење

dkskold 

26.01.2007 Работата на Антикорупциската комисија во изминатите четири години ја потврди потребата од постоењето на ваков вид независен државен орган.

Ова беше заклучено на денешната последна прес конференција што во актуелниот состав ја одржаа првите членовите на Антикорупциската комисија.

„Антикорупциската комисија за својот четиригодишен мандат постигнат солидни резултати и реши над 60 насто од пристигнатите предмети, од кои за 23 насто Комисијата покрената иницијатива за казнено гонење“, изјави в.д претседателката на Комисијата, Слаѓана Тасева, која нагласи дека успехот на ова тело „ќе беше далеку поголем, доколку институциите подобро функционираа.
 

Прочитај повеќе

Апел за нулта корупција во бизнисот

 ws2401

24.01.2007  Приватниот сектор мора да се справи со поткупот. Домашните стопанственици вчера беа повикани да ги почитуваат меѓународните деловни принципи за справување со поткупот, да овозможат пристап до информации и активно да се вклучат во политиката за заштита на луѓе што ќе обелоденат случаи на корупција. За ова се зборуваше на работилницата „Подобрување на корпоративниот менаџмент за нулта толеранција – трговија“, која ја организира невладината организација „Нулта корупција“ во соработка со стопанските комори во македонија.

– По 16 години транзиција Македонија се' уште се соочува со висок степен на корупција, што се ефектуира на многу аспекти од социјалниот, политичкиот и економскиот живот – рече потпретседателката на „Нулта корупција“, Сузана Салиу.
 

Прочитај повеќе

Приведени уште четири лица за случајот „Бачило“

 bacilo

23.01.2007   Министерството за внатрешни работи (МВР) приведе уште четири лица вмешани во случајот „Бачило“ и спорната денационализација.

Како што соопшти денеска МВР, пред истражниот судија, кој ја води постапката изведени се нотарот М.Ќ. (роден 1963) од Скопје, пензионерот К.И. (роден 1958г.) од Велес, ветеринарот М.А. (роден 1959г) од Тетово и Д.С. (роден 1958г) од Штип, вработен како полицаец во Тетово.

Постои основано сомнение дека лицата се инволвирани во случајот, така што Д.С. изготвил службена белешка за извршен увид на гранатираното бачило, ветеринарот М.А. издал три потврди за кои се претпоставува дека се невистини во однос на бројката на стадото кое било прегледано од негова страна, а нотарот М.Ќ. заверувал дел од спорните хипотекарни договори за денационализација на државното земјиште.
 

Прочитај повеќе