Село без кучиња

 udripari.jpg20.04.2010 Кога ќе ги прашате политичките партии од каде ги добиваат парите е исто како на ѓаволот да му покажете крст. Едноставно, за парите никој не сака да зборува. 
“Ова прашање секогаш било проблематично”, вели претседателката на невладината “Транспарентност- нулта корупција”, Слаѓана Тасева.
 
Особено е проблематично за политичките партии да ги дадат информациите за своите донори. “Од тоа кој, кого и како финансира, најчесто може да се носат и одредени заклучоци за тоа каква политика ќе се води, пред сè во економското работење затоа што тие луѓе кои ги поддржуваат партиите најчесто добиваат одредени погодности. Тоа сè уште се прашања со коишто нашите политичари и политичките партии не се подготвени да се соочат”, објаснува Тасева.
 

 

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец март 2010 г.

bistro-matno.jpg 19.04.2010 Изборот на новиот претседател на Државната комисија за спречување корупцијата е убедливо најбистар настан во март годинава, додека прво меѓу матните е необјавувањето на висината на долгот што државата го има кон приватниот сектор.

Вака гласаа 16 главни уредници на електронски и печатени медиуми во Македонија, кои учествуваа месечната анкета „Бистро-Матно“ на Новинската агенција Макфакс и на невладината организација Транспарентност нулта корупција.

 

 

Прочитај повеќе

Транспарентност нулта корупција за подобрување на изборниот систем

rt14042010.jpg 14.04.2010 Подобрувањето на изборниот систем во земјава беше централна тема на јавната дебата што ја организираше невладината организација Транспарентност нулта корупција (ТНК).

„Навистина претставува предизвик да се стави на маса една ваква тема. Со зголемената транспарентност ќе се намали тензијата во предизборните кампањи “, рече претседателката Слаѓана Тасева на почетокот на дебатата.

 

 

Прочитај повеќе

Покана за јавна дебата

13.04.2010 Невладинатаорганизација Транспарентност-нултакорупција, со поддршка на владата на Кралството Норвешка, а восоработка со повеќе институции и организации од Република Македонија, гизаокружува своите активности поврзани со проектот: „Подобрување на изборниотсистем во Република Македонија“. За таа цел,задоволство ни е да Ве поканиме  најавната дебата на тема “Нацрт законски одредби заподобрување на транспарентноста и надзорот над финансирањето на…

Прочитај повеќе

Илми Селами нов претседател на Антикорупциска комисија

dksk-logo.jpg 25.03.2010 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)  денеска на редовна седница со единствена точка на дневен ред го избра Иљми Селами за претседател на комисијата. 
Селами беше избран со четири гласа „за“ од вкупно седум гласа, а негов противкандидат беше Зоран Додовски.

 

 

Прочитај повеќе

Граѓаните со најмногу претставки во судството

 sudstvo.jpg24.03.2010 Македонските граѓани во 2009 се најнезадоволни од работењето на судовите, но и од јавната администрација, посебно во делот на локалната самоуправа.

Ова е констатирано во годишниот извештај за 2009 година, што денеска го претстави народниот правобранител Иџет Мемети.

 

Прочитај повеќе

Известување до медиумите

23.03.2010 Невладината организација Транспарентност – нулта корупција, со поддршка на Амбасадата на Кралството Норвешка, а во соработка со повеќе институции и организации од Република Македонија, ги заокружува своите активности поврзани со проектот: „Подобрување на изборниот систем во Република Македонија“. Целта на проектот е да се придонесе за подобрување на изборното законодавство со имплементирање на меѓународните…

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец февруари 2010 г.

bistro-matno.jpg 22.03.2010 Пациенти од другите градови во државава за банални интервенции, како затнат мочен меур, проголтани три апчиња лексилиум или пак, операција на слепо црево, секојдневно се упатуваат на скопските клиники.

Со преупатувањето на болниот се губи драгоцено време за лекување, како што беше случајот со пациентот Душко Мамучевски од Берово, кој почина откако го шетаа од клиника на клиника, што е најматниот настан за февруари.

 

Прочитај повеќе

Младите сакаат иднина без корупција

 

sb09032010.jpg

Доделени пофалници на ученици од средните училишта за најдобри есеи на тема “Корупцијата не е моја иднина“

 

09.03.2010

Борбата против корупцијата е предизвик за сите генерации. За возрасните таа е изразена во потребата да изградат општество во кое сите убаво ќе живееме и ќе имаме подеднакви можности за работа и напредок. За младите е предизвик, да разберат и да сфатат, каков е овој проблем и зло кое може да ја загрози нивната иднина – истакна претседателката на Транспарентност – Нулта корупција Проф. Слаѓана Тасева. Таа додаде дека оваа пилот активност – доделување пофалници за најдобрите есеи од средните училишта на темата – “Корупцијата не е мојата иднина“, која е во рамките на проектот “Културата на законот наспроти корупцијата“, е прва и единствена од овој вид.

 – “Од возрасните зависи, дали младите ќе имаат можност да научат во што се состои корупцијата, и зошто велиме, дека таа е зло. Учениците од средните училишта ова зло многу добро го препознаваат, и имаат многу убави идеи за тоа каква сакаат да биде нивната иднина, без корупција“ – нагласи Тасева.

 

 

pdf najdobri_esei 231.65 Kb

 

 

 

Прочитај повеќе