Меѓународниот ден за укажувачите одбележан во Тирана

whistleblow_albania.jpeg
 
21.03.2019 Центарот за проучување на демократијата и управувањето и Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа организираше настан во Тирана на 21 март 2019 година по повод Меѓународниот ден на укажувачите.

На настанот присуствуваа членовите на Коалицијата од регионот, претставници од владини институции и приватни компании, како и новинари, кои дискутираа за прашања кои се однесуваат на укажување и заштита на укажувачите.

Во третата година од овој настан "Наградата за слободен говор" ѝ  беше доделена на истражувачката новинарка Клодијана Лала, која извести за голем број случаи на корупција и злоупотреба на моќ.
 
 
Прочитај повеќе

Соопштение до медиуми за случајот Маѓар Телеком – „Таргет“

26.03.2019 Транспаренси Интернешнл Македонија изразува задоволство од продолжувањето и развојот на кривичната постапка во случајот „Маѓар Телеком“, кој сега го води Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Таргет“, во кој се обвинети тројца поранешни директори на "Телеком", Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус за Злосторничко здружување и Злоупотреба на службена положба и овластување, а постои и сомневање за вклученост и на функционери од Северна Македонија за земање на мито. 

Транспаренси Интернешнл Македонија го следи овој случај уште од објавата на резултатите од истрагата на американската куќа Вајт и Кејс покрената по укажувањата на внатрешната ревизија во Маѓар Телеком поради сомневања  во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
 
Прочитај повеќе

Владата не го почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Владата не го почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одбива да постапи по решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер
Транспаренси Интернешнл Македонија бара Претседателот на Владата г-дин Зоран Заев да преземе мерки за одговорност на Генералниот секретар на Владата поради постапување спротивно на Закон, а бараната информација да нѝ биде доставена

15.03.2019 Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) на ден 13.06.2018 година испрати Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Р.С. Ммакедонија во врска со издадено полномошно, со кое Владата ја ополномоштува адвокатската куќа White & Case LLP од Њујорк, да поднесе претставка против Транспаренси Интернешнл Македонија пред Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во Берлин. 

Инаку, адвокатската куќа White & Case LLP од Њујорк е застапник на Р.С. Македонија во постапка пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон, Д.Ц (ИЦСИД Случај бр. АРБ/17/46).
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Соопштение за медиуми

12.03.2019  Реакција по Соопштение од Владата на Република Северна Македонија објавено на 07.03.2019 година, а во врска со бесправна градба на хотел во нас. Стар Лагадин, Охрид и барање да се престане со практиката за менување на законите согласно потребите, со што се востановува правна несигурност на граѓаните на РС Македонија.
На 07.03.2019 година Владата објави соопштение во кое се наведува дека  во рамки на надлежностите на министерството и на локалната самоуправа, конечното решение во врска со барањето да се стопира градбата на хотелот во Стар Лагадин која навлегува во заштитениот појас на езерото може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање којшто е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро. (линк до соопштението https://vlada.mk/node/17099 )
 
Во  правец на најавите за носење на нови законски решенија предвидени во Предлог – Законот за измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој е предвидено да се донесе во скратена постапка, апелираме да не се усвојат решенија со кои ќе се овозможи легализација или продолжување на градба на објекти за кои е утврдено дека постојат неправилности и прекршување на повеќе постапки при носењето на општите акти за градба и при давањето на одобренија за конкретни објекти, како и за објекти што се наоѓаат во  заштитениот појас на езерото каде согласно Законот за води е забрането градење на градби кои би можеле да штетат на водотекот и коритото на езерото. 
 
 
Прочитај повеќе

Очекување за нова борбена Комисија за борба против корупцијата

platforma_logo.png
 
18.02.2019 Платформата на граѓански организации за борба против корупција го поздравува изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција  и очекува од нив решителна, темелна и неселективна борба против корупцијата на сите нивоа на власт.
 
Имено, со донесувањето на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси се воведе нов начин на избор на претседателот и членовите на ДКСК, со кој покрај Комисијата за избори и именувања при Собрание на РМ се формира, Комисија за селекција чија цел беше спроведување интервјуа со сите кандидати кои ги исполнуваат условите од огласот и врз основа на тоа бодување и рангирање на кандидати.
 
Процесот се одвиваше во помалку од две недели, од моментот на објавување на огласот до моментот на избор, што оневозможи да се спроведе процес на темелен ветинг кај кандидатите.  Оттука, можноста за целосна проверка на кандидатите беше лимитирана.
 
Прочитај повеќе

СООПШТЕНИЕ

08.02.2019 Транспаренси Интернешнел Македонија му честита на Собранието на Република Македонија за ефикасното спроведување на постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. 
 
Транспаренси Интернешнел Македонија и го честита изборот на претседателката на ДКСК г-ѓа Билјана Ивановска, како и на сите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и им посакува успешна работа во справувањето со корупцијата, како еден од најголемите проблеми кој го нагризува македонско општество. 
 
„Ја добивте довербата во една транспарентна и отворена постапка, во која беше спроведен и делумен ветинг за проверка на вашиот интегритет. Сега ја имате нашата поддршка вашето знаење, искуство и интегритет да ги ставите во функција на справување со големиот проблем на корупцијата. Нашата поддршка и соработка секогаш ќе ја имате на располагање„ рече Претседателката на Транспаренси Интернешнел и прв претседател на државната комисија за спречување на корупцијата Д-р Слаѓана Тасева.
 
 
Прочитај повеќе

СТАВ НА ГРУПАТА ЦИВИТАКС ЗА ЗЛОУПОТРЕБЕНИТЕ СРЕДСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ

civitax_logo.png
 
30.01.2019 Министеркството за труд и социјална политика објави дека до Јавното обвинителство поднело кривична пријава против непознат сторител во врска со наодот дека на 12.000 лица не им се уплаќани законските придонеси во вториот столб. Исто така објави и дека државата ќе ги обесштети со вкупно 19 милиони евра од буџетот.
 
Групата ЦИВИТАКС смета дека наодот од анализите кои ги спровело и за кои зборува Министерството за труд и социјална политика не се изненадување имајќи предвид дека слично сомневање за незаконито однесување во ФПИОМ беше откриено и во 2016 година кога се објави дека не се исплаќале средства во вториот пензиски столб.
 
Случајот објавен деновиве потврдува дека во Република Македонија институциите не посветуваат внимание на основите за сомневање на злоупотреби и незаконитост во работењето на поединци и одговорни службени лица од институциите со кои се оштетени поединци. На тој начин актерите на еродираната правна држава, поради која и го добивме посебниот извештај од Г-дин Прибе и натаму ја држат заробена и не дозволуваат да функционира правната држава.
 
Сметаме дека е недопустливо оштетените граѓани да се обесштетуваат со средствата на даночните обврзници (нивни лични средства), а при тоа сторителот да остане непознат. Во вакви услови владата треба да ја преземе својата одговорност и да утврди кој од одговорните и службени лица во МАПАС, ФПИОМ и раководителите на операторите на вториот пензиски столб се приклучил во незаконитото однесување со прикривање и непријавување, како и да ги утврди дирекните одговорни лица, а против нив да поведе постапка за утврдување на одговорноста и за изрекување на со закон предвидени санкции за секое дејствие сторено со намера, сторување или пропуштање.
 
 
Прочитај повеќе

ИПК во 2018 година покажува дека анти-корупциските напори се забавени во повеќето држави

cpi_2018.jpg
 
Анализата открива дека корупцијата придонесува за глобална криза на демократијата
 
Берлин, 29 јануари 2019 – Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл, открива дека континуираниот неуспех на повеќето држави за значително да ја контролираат корупцијата придонесува за криза на демократијата во светот. 
"Со многу демократски институции под закана низ целиот свет – често од страна на лидери со авторитарни или популистички тенденции – треба да направиме повеќе за да го зајакнеме системот на проверки и рамнотежа и да ги заштитиме правата на граѓаните", изјави Патриша Мореира, генерален директор на Транспаренси Интернешнл. "Корупцијата jа оневозможува демократијата, создава маѓепсан круг каде што корупцијата ги поткопува демократските институции и, за возврат, слабите институции се помалку способни да ја контролираат корупцијата".
 
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Оглас за вработување

17.12.2018 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификувани кандидати кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следниве  работни места:

1. Позиција: Координатор на проект
 
Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:

–    Универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус);
–    Најмалку три години работно искуство во водењето проекти;
–    Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
–    Активно користење на MS Office;
–    Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи, истражувања, анализи и документи за креирање на политики;
–    Напредни организациски и комуникциски вештини;
–    Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
–    Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.
Како предност ќе се смета искуство во подготовката на апликациии за изработка предлог на проекти, искуство во областите владеење на правото и правосудство и завршени постдипломски студии.
 
 
Прочитај повеќе

Невладините организации бараат враќање на своите работни места на укажувачите Лазаревски и Костовски

logo-secwp.png

logo_ecwr.pngti-m.jpg

 
 
 
 
 
  
 
Државните службеници коишто ги открија тајните прислушувања во периодот на премиерот Груевски заслужуваат правда

22.11.2018 Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, чие храбро откривање на тајните прислушкувања доведе до оставка на премиерот Никола Груевски во 2016 година, треба веднаш да бидат вратени на работните позиции во државниот сектор, што ги изгубија како како одмаздување за нивното дело, барање по кое се изјаснија три невладини организации денес. 
 
Транспаренси Интернешнл-Македонија, Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа, и Европскиот центар за правата на укажувачите веќе долго време се залагаа за праведно враќање на Лазаревски и Костовски на нивните работни места.
 
"Македонија треба да остане силна во борбата против заробувањето на државата која ефикасно започна со откривање на тајните прислушувања и големите коруптивни шеми предводени од поранешниот премиер Груевски", изјави Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија. "Не е праведно да се зборува за тоа колку е важна борбата против корупцијата за правда во Македонија без да се донесе правда за Лазаревски и Костовски".

"Враќањето на нивните работни позиции за овие укажувачи е најмалку што може да биде очекувано по усвојувањето на Законот за заштита на укажувачите којшто беше усвоен како резултат на нивното откривање и во последователните политички одлуки, вклучувајќи го и формирањето на Специјалното обвинителство кое ги води истрагите", изјави Тасева.
 
 
Прочитај повеќе