До средствата за јавно информирање

15.02.2011 Невладината организација Транспарентност- нулта корупција,  Ве поканува на тркалезна маса на тема: „Презентирање на проектот КРИНИС – осветлување на парите во политиката и објавување на акредитација на организацијата.

Во периодот од 2010 до 2013 година ќе се реализира проектот „КРИНИС-осветлување на парите во политиката“, кој има за цел користејќи ја веќе докажаната методологија на Transparency International на собирање информации од различни извори и анализа на легислативата поврзана со политичкото финансирање и нејзината примена во практиката, со што ќе се добие јасна слика за финансирање на политичките партии и на изборните кампањи. Многу појасна слика ќе се добие и за тоа на кој начин функционираат институциите за надзор и спроведување на легислативата.

 
Прочитај повеќе

Корупцијата не е култура на живеење

rt26012011.jpg 26.01.2011 Здружението на бизнис жени, Националниот Совет за Родова Рамноправност и Транспарентност нулта корупција организираа работилница на тема „Корпоративни бизнис принципи и предизвиците на глобалната корупција.“ На работилницата на која учествуваа  жените од невладиниот сектор и компаниите предводени од жени бизнисмени, беа презентирани: „Деловните принципи за борбата против поткуп и можностите како да го  Заштитите вашиот бизнис – приватниот сектор и антикорупцијата – Македонско законодавство и Европска перспектива“.
 
 

Прочитај повеќе

Реакција на на Д-р Слаѓана Тасева, Претседател на ТНК

  ti_m_eng.jpg По повод:
– Прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ од 22. 01. 2011 и
– Демантот од Министерот за Финансии, г-дин Зоран Ставревски

Објавени во врска со Прес конференцијата на Транспарентност Нулта корупција одржана на 21. 01. 2011 година, кога го објавивме Антикорупцискиот скандал со Незаконитостите во Финансирањето на политичките партии.

Во двете реакции не се понудени никакви аргументи кои би се спротивставиле на нашите, туку се прави атак над мојата личност и интегритет.     
Со оглед дека на прес конференцијата ВМРО ДПМНЕ не приложи никакви аргументи со кои јавноста би ја убедиле во спротивното од нашите тврдења за незаконитости во финансирањето на политичките партии, очекуваме оваа дилема да се расчисти од страна на Уставниот Суд и Јавното Обвинителство. Податоците кои не ни ги достави Министерот Ставревски ќе ги бараме и понатаму користејќи ги можностите што ги даваат законите.

 
 

Прочитај повеќе

Незаконитости во финансирањето на политичките партии

press21012010.jpg 21.01 2011 Транспарентност Нулта Корупција на прес конференцијата под наслов „Верувале или Не“,  презентираше три иницијативи кои ќе ги достави до Уставниот Суд на Република Македонија во кои се оспорува уставноста и законитоста на Упатството за распределба на средствата од буџетот на Република Македонија за годишно финансирање на политичките партии, и покрај тоа што финансирањето на политичките партии од Буџетот на Република Македонија воведено во 2004 година се сметаше за антикорупциска мерка за намалување на корупцијата поврзана со политиката.
 
Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

20.01.2011 Транспарентност Нулта корупција (ТНК) на 21 јануари 2011 г. (петок) со почеток во 11 часот во просториите на ТНК (ул. Наум Наумовски Борче 58 ) ќе одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани аномалии во борбата против корупцијата, под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Настаните се засновани на резултатите од работата на Транспарентност нулта…

Прочитај повеќе

Претседателката на Транспарентност Нулта Корупција личност на годината по избор на А1 ТВ

Претседателката на Транспарентност Нулта корупција и универзитетскиот професор Д-р Слаѓана Тасева по избор на А1 ТВ е избрана помеѓу личностите што оставиле печат со својата работа и со своите изјави

 

 Уредниците на А1 телевизија направија избор од 14 личности : "Ова се луѓето кои се борци за слобода и демократија, за подобра Македонија. Ова се нивните проекции за 2011".


 Како и секоја друга година во Македонија, 2010 помина бурно и на моменти со експлозивни политички настани и изјави. Многу личности продефилираа на јавната сцена, кажаа убави и лоши нешта и си обезбедија место во меморијата на македонскиот граѓанин. Изборот на А1 ТВ падна на неколкумина ликови чии јавни настапи, изјави, укажувања, толкувања или постапки го привлекоа вниманието на јавноста и предизвикаа жестоки политички и експертски дебати.

 А1 телевизија е најгледана приватна телевизија во Република Македонија.

 

 

 

Прочитај повеќе

Верувале или не

bornotpress.jpg 17.12.2010 Транспарентност нулта корупција одржа прес конференција на која ги презентира аномалиите во борбата против корупцијата под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Настаните кои беа презентирани се засновани на резултати од работата на ТНК по претставките добиени од граѓаните за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството.

 ТНК смета дека борбата против корупцијата која се води од страна на надлежните државни органи во Македонија сé повеќе добиваат облик на фарса зад која се задскриваат корупцијата и учесниците во коруптивните активности.

Иако, македонското законодавство е во значителен степен усогласено со меѓународните конвенции во сферата на казнено-правната заштита и превенција на корупцијата,. како што се Казнената и Цивилната конвенција против корупцијата на Советот на Европа, 20 Водечки принципи за борба против корупцијата, Конвенцијата на ООН за борба против корупцијата (UNCAC) и други. И покрај тоа оценките на ЕУ во извештаите за прогресот на Република Македонија во процесот на Евро интеграциjaта, како и оценките на други релевантни меѓународни организации, покажуваат дека во Република Македонија перманентно е изразен висок степен на загрозеност со сите видови на корупција, од висока или „системска„, до мала или „улична„, а институциите на системот, пред сè органите на откривање и судството, немаат доволен капацитет да се справат со овој проблем.

 

pdf proekt_veruvale_ili_ne 193.07 Kb

 

pdf veruvale_ili_ne_-_17122010_paunovski 91.53 Kb

 

 

 

Прочитај повеќе

Покана за прес конференција

  16.12.2010 Транспарентност Нулта корупција на 17 декември 2010 г. (петок) со почеток во 11 часот во просториите на ТНК (ул. Наум Наумовски Борче 58 ) ќе одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани аномалии во борбата против корупцијата, под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Настаните се засновани на резултатите од работата на Транспарентност нулта…

Прочитај повеќе

Постапката против Симо Груевски треба да запре

Неопходен е посебен закон за заштита на пријавувачи на корупција

 

 15.12.2010 Транспарентност Нулта Корупција укажува дека согласно Член 20 став 1 од Законот за спречување на корупцијата ( Сл весник бр. 83/84) не може да се преземе казнено гонење против г-дин Симо Груевски, поранешен член на бордот на директори и вработен во Телеком, а сегашен акционер. Согласно оваа законска одредба „не може да се преземе казнено гонење или да се повика на каква и да е друга одговорност лице што открило податоци што укажуваат на постоење на корупција.„

 

 

Прочитај повеќе

Мрачни денови за балканските премиери

stopcorruption.jpg 13.12.2010 Доаѓаат ли црни денови за политичарите на Балканот? Според она што се случува во Хрватска, која ја тресе корупциски земјотрес, може лесно да се случи потресите да добијат домино ефект во Западен Балкан. Во земјите што традиционално важат за корупциски рај, каде што поговорките од типот „парите вртат таму каде што не може ни бургијата“ се дел од народното творештво.

Дали под притисок на барањата на Европа неминовно ќе мора да се интензивира борбата против корупцијата, бидејќи тоа е и еден од најважните услови за приближувањето на овие земји кон ЕУ. Експертите се убедени дека колку земјите се поблиску до оваа цел, толку наближува денот кога мора да дојде до конечна пресметка. Доаѓа времето кога треба да им се стави крај на политичките договори за ненапаѓање и за амнестија од криминал и кривично гонење.

 
Прочитај повеќе