Македонија со скок од 10 места

19.10.2007  Република Македонија остварила скок од 10 места, од 46. на 36. место на ранг-листата која "Репортери без граници" ја објавија завчера, а со која се мери слободата на печатот во 169 земји во светот за 2007 година. Со индекс од 11,50 Македонија останала меѓу првите 50 земји во светот каде што се и речиси…

Прочитај повеќе

Crown Agents за 7,5 млн. евра ќе ги зајакнува капацитетите на Царината

carina

18.10.2007  Царинската управа на Македонија дополнително ќе ги зајакнува своите капацитети со помош на консултантски услуги на специјализирана агенција.

Ова денеска во Скопје го соопшти министерот за финансии Трајко Славески, кој што во име на македонската Влада пред неколку дена потпишал договор со британската агенција Crown Agents.

„Договорот е вреден 7,5 милиони евра, а е потпишан за наредните 24 месеци“, рече Славески прецизирајќи дека износот ќе биде исплатен пропорционално од буџетите за 2007, 2008 и 2009 година.

Прочитај повеќе

Македонија се простува од Тоше – ден на жалост

17.10.2007 Македонија денеска ќе се прости од поп ѕвездата Тоше Проески. Погребот со највисоки државни почести ќе се изврши во родното Крушево во 13 часот. Со ова, како што соопштија вчера од Владата се согласило и неговото семејството. Владата веќе објави дека денот на погребот на 26 – годишниот Проески е прогласен за Ден на…

Прочитај повеќе

Со парите од конфискуваниот имот ќе се полни буџетот

 

sudskopje

17.10.2007 Конфискуваниот имот ќе биде нов извор за полнење на буџетот. Со привремено одземениот имот ќе стопанисува дирекција како правно лице, а директорот на ова тело ќе го именува Владата. Ова е суштината на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка веќе доставен во собраниска процедура. Според предлогот, кој ќе оди во две фази, парите од продажба на неподвижниот и движниот имот одземен со правосилна судска одлука, веднаш по правосилното завршување на постапката, ќе се слеваат во народната каса. Имено, 20 проценти од средствата ќе одат директно во буџетот, а по 20 отсто на буџетските ставки наменети за финансирање на судската власт, Јавното обвинителство, дирекцијата, која допрва ќе се конституира, и Управата за извршување на санкции.

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец септември 2007 г.

bistromatno

11.10.2007 Обидот на Владата да потпише договор за продажба на термоцентралата Неготино со конзорциумот „Хач“ е најматен, а Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнал“(ТИ) е најбистар настан во септември во Македонија.

Ова е оценка на главните уредници на 16 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација Транспарентност – Нулта корупција.

Вкупно 11 од 16 гласови во рубриката „матно“ се однесуваа на случајот „Хач“-втор пат, бидејќи овој случај беше и меѓу предлозите за најматни настани во август.

Прочитај повеќе

Мислење на експертскиот тим на ТНК по претставка

 logo_eng_jpg

09.10.2007  Мислење на експертскиот тим на Транспарентност Нулта корупција,по претставка во врска со јавно надавање за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел.

 

На 14. 09. 2007 година политичката партија СДСМ  до ТРАНСПАРЕНТНОСТ НУЛТА КОРУПЦИЈА достави претставка во врска јавно надавање спроведено од Министерството за транспорт и врски, за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел.

Врз основа на член 4 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со писмо број 0302-123 од 17.09.2007 година Транспрентност Нулта корупција се обрати до Министерството за транспорт и врски со барање да бидат доставени или да бидат достапни документи и информации кои се однесуваат на јавното наддавање за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел.

 

Прочитај повеќе

Награда за добро корпоративно управување

 nlb_certificate

05.10.2007 НЛБ Тутунска банка освои сертификат за добро корпоративно управување во изборот организиран од Транспарентност – нулта корупција во соработка со стопанските комори во земјава. Наградата за успешно корпоративно управување се доделува првпат.

 

Во рамките на проектот за избор на компанија со добро корпоративно управување, тим на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, подготвија листа на критериуми врз основа на кои се изврши изборот на компаниите. Критериумите се однесуваа на активностите на менаџментот на компанијата, односот кон вработените, комуникацијата со потрошувачите, релациите со снабдувачите, како и придонесот на компанијата во заедницата и околината во која дејствува.

 

Прочитај повеќе

Нула толеранција за корупцијата во Македонија

  ap031007

03.10.2007 Македонија почна да создава фронт за борба против корупцијата, но уште многу треба да стори во јакнење на независноста на истражните и судските органи, на невладиниот сектор и на демократијата.

Ова е оценка од конференцијата што во организација на Невладината организација „Транспарентност – Нулта корупција“ е одржана денеска во Скопје. На конференцијата за спроведување на Декларацијата за нула толеранција на корупцијата, што е потпишана пред две години, зборуваше доктор Слаѓана Тасева.

На претставници на пет организации им беше врачена наградата за успешно корпоративно управување, што се доделува прв пат, во рамки на спроведувањето на Декларацијата за нула корупција. Добитници се две фирми од областа на ИТ технологијата – Дуна компјутери и Инет- АД, две банки – Прокредит и НЛБ тутунска, како и Еуролинк-осигурување.

Прочитај повеќе

Истрајната kорупција во земјите си низок приход

 ti_logo

26.09.2007 Според Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2007 година, објавен денеска од страна на Transparency international глобалната коалиција против корупцијата, поделбата на перцепираните нивоа на корупција во богатите и во сиромашните земји останува остра како и секогаш. Развиените и земјите во развој мора да ја поделат одговорноста за намалување на корупцијата и  справувањето, како со страната која дава, така и со страната која бара мито.

 

„И покрај одредени придобивки, корупцијата останува огромно одлевање на ресурси кои се потребни за образование, здравство и инфраструктура“, рече Хјуџет Лабел, претседател на Transparency international. „Земјите со низок резултат треба да ги сфатат овие резултати сериозно и да дејствуваат веднаш за зацврствување на одговорноста во јавните институции. Исто така значајно е и дејствувањето од земјите со висок резултат, посебно во уништување на корупциските активности во приватниот сктор“.

 

CPI2007_lista_na_zemji

ti_cpi_najcesto_postavuvani_prasanja

metodologija_na_cpi

cpi2007_sources_eng

Прочитај повеќе

Известување до медиумите

25.06.2007 Невладината организација "Транспарентност- нулта корупција", контакт членка на Transparency International, на ден 26.09.2007 (среда) ќе одржи прес- конференција во Хотелот Стоун Бриџ, со почеток во 11 часот.   На прес- конференцијата ќе се презентираат  резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2007 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата…

Прочитај повеќе