ИПК 2016: Магичниот круг на корупцијата и нееднаквоста мора да биде прекинат

press_23012017_1.jpgpress_23012017_2.jpg

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
25.01.2017 2016 година покажа дека системската корупција и социјалната нееднаквоста се засилуваат меѓусебно секаде во светот, водејќи до разочарување на народот од политичкиот естаблишментот и создавање на плодна почва за подем на политичари-популисти.
69 проценти од 176 земји опфатени со Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата имаат скор помал од 50, на скала од 0 (перцепција за високо ниво на корупција) до 100 (перцеприција за ниско ниво на корупција), покажувајќи ја масивноста и сеприсутноста на корупцијата во јавниот сектор во целиот свет. Годинава повеќе земји паднаа на индексот отколку што напредуваа, укажувајќи на итна потреба од мерки.
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

РМ не ги исполни препораките од Четвртата оценка од ГРЕКО која ги опфаќа собранието, судството и ЈО

17.01.2017 Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИ-М) ја известува јавноста дека иако Извештајот од четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО (земји за борба против корупцијата) е усвоен на 62-от пленарен состанок на ГРЕКО одржан на 6 декември 2013 година, Република Македонија сè уште нема преземено активности во насока на имплементирање на дел од препораките наведени во извештајот, а за тоа дава неиздржани изговори.
 
Република Македонија на 26 јуни 2015 година доставила информации до ГРЕКО во врска со имплементацијата на препораките од извештајот од евалуацијата. На 1 јули 2016 бил усвоен извештајот за оценката на имплементацијата, а бил објавен на 12 октомври 2016 година. Од неговата содржина може да се утврди дека ова е најслабиот извештај на ГРЕКО за Република Македонија до сега. Препораките од претходните извештаи најчесто беа навремено спроведувани, при што РМ добиваше оценка дека задоволително или делумно се спроведени сите препораки, или дека се спроведени сите освен една до две препораки. Со последниот извештај, кој се однесува на борбата против корупцијата во Собранието на РМ, судството и јавното обвинителство, е утврдено дека РМ на задоволително ниво спровела само три од вкупно деветнаесет препораки, десет се делумно спроведени а дури шест воопшто не се спроведени.
 
 
Прочитај повеќе

Оглас за работно место – Правен советник

27.12.2016 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следниво работно место:.

1. Позиција: Правен советник – 1 кандидат

Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
–    Релевантна диплома по правни науки (седми степен);
–    Положен Правосуден испит
–    Одлично познавање на албанскиот јазик.
 
 
Прочитај повеќе

Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес

izbori.jpg

 
12.12.2016 Траспаренси Интернешнл – Македонија, одржи прес-конференција на која ги презентираше наодите во врска со проектот „Мониторинг над трошењето од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес финансиски поддржан од Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија. 

Презентираните наоди можат да се погледнат на следнава презентација.
 
 
 
Прочитај повеќе

Случај: Нерегуларности во работењето на банкарскиот сектор во корист на поединци

press_18112016.jpg

 
18.11.2016 Она што Транспаренси Интернешнел во јануари оваа година го започна како случај Кубус в.с. Комерцијална Банка АД Скопје, во изминатиот период од 10 месеци прерасна во случај од кој можат да се согледаат многубројни неправилности во работењето на банкарскиот сектор. Анализите на Транспаренси Интернешнел Македонија, кои ги правиме во соработка со правните застапници и консултатнти на оштетените, покажаа дека:
Станува збор за многубројни финансиски трансакции кои потекнуваат од кредити и позајмици;
Во финансиските трансакции се вклучени поголем број на банки, компании и лица кои се деловно, сопственички и управувачки поврзани со банките;
 
 
Прочитај повеќе

9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупција

udripari.jpg

 09.12.2016 Транспаренси Интернешнл – Македонија по повод 9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупција укажува дека борбата против корупцијата треба и понатаму да биде клучен приоритет на сите носители на политички функции, на институциите и на судството со цел да се надмине постоечката политичка криза предизвикана пред сѐ поради укажувањата за корупција.

 „Слабото спроведување на антикорупциските закони, недостигот на владеењето на правото, ограничената институционална соработка, како и сериозните недостатоци во практиките на институциите во однос на независноста, транспарентноста, интегритетот и отчетноста“ се клучните проблеми наведени во Национален систем на интегритет – Оценка за Македонија, истражување кое беше спроведено од ТИ-Македонија. Меѓународната заедница во повеќе наврати апелираше дека токму непостоењето на политичка волја за справувањето со корупција во државата се покажа како значаен проблем кој може да ги доведе во прашање Евро-атлантските интеграции на државата.
 
 
Прочитај повеќе

Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес

izbori.jpg

 
05.12.2016 Траспаренси Интернешнл – Македонија, одржи прес-конференција на која ги презентираше наодите во врска со проектот „Мониторинг над трошењето од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес финансиски поддржан од Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија. 

Презентираните наоди се однесуваат за периодот од 21.11.2016 до 30.11.2016 година.
 
 
 
 
 

 
Прочитај повеќе

Владите во Европа и Централна Азија прават малку за борбата против корупцијата

gcb_eca_map_2016.jpg

 
Новиот извештај на Транспаренси Интернешнл покажува дека луѓето се плашат да зборуваат за корупцијата

Берлин, 16 ноември 2016 година. Еден од тројца луѓе кои живеат во Европа и Централна Азија сметаат дека корупцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува нивната земја, се вели во извештајот на Транспаренси Интернешнл објавен денес. Оваа бројка расте на двајца од секои тројца жители во Молдавија, Шпанија и Косово, покажувајќи дека се потребни итни дејствија против злоупотребата на моќта и тајните договори.
Речиси една третина од жителите на регионот веруваат дека нивната влада и законодавците се многу корумпирани, а мнозинството од луѓето велат дека нивните власти не прават доволно за да ја сузбијат корупцијата.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Една година по донесувањето на Законот за заштита на укажувачите

rt-wb_14112016.jpg

 14.11.2016 Законот за Заштита на укажувачите е донесен точно пред една година, но не се спроведува целосно во пракса. Институциите не им обезбедуваат заштита на вработените кои би сакале да пријават незаконско и неетичко однесување внатре во компанијата. Законот нема да заживее сè додека не се имплементира подеднакво од сите и подеднакво за сите, без никаква селективност и толеранција кон некои, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси интернешнл“.

На денешната тркалезна маса, на која беа споделени искуствата од моментот на донесување на Законот до денес, беше укажано дека институциите мора да создадат соодветни услови, да го почитуваат Законот, а со тоа и да им дадат шанса на луѓето, односно на вработените да пријавуваат незаконско однесување.
 
 
Прочитај повеќе

Борбата против корупцијата не е успешна во земјите од Западен Балкан и Турција за пристапување воЕУ

 

2016_niswbt_cover.png

Моќните елити и штетат на борбата против корупцијата во земјите од Западен Балкан и Турција кои пристапуваат кон ЕУ 

10.11.2016 Берлин– Борбата против корупцијата во земјите од Западен Балкан и Турција не успева, ставајќи го членство во Европската унија во ризик. Политичките елити имаат преголема моќ и начините за остварување на одговорност на корумпираните се ограничени, според Транспаренси Интернешнл, глобалното движење за борба против корупцијата.
Новиот извештај Национален систем за интегритет во Западен Балкан и Турција: Приоритети за реформи ( http://bit.ly/2elTweW ), ги споредува наодите од седумте оценки на Национален  систем за интегритет имплементирани од страна на Транспаренси Интернешнл ограноци и партнери во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Се осврнува на тоа колку институциите ја исполнуваат својата цел во борба против корупцијата.
 
 
Прочитај повеќе