Конкурс
21.02.2014 Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М) има потреба од лица за набљудување на дел од националните медиуми во Република Македонија за период од 30 денови. Лицата ќе имаат обврска да учествуваат во процесот на набљудување на програмската содржина на медиумите, пред се во делот на информативните програми и програмите со вести на електронски медиуми, како и на текстуалните содржини во дневни и неделни весници на македонски и на албански јазик, во приближно време од 6 до 8 часа на ден. Мониторирањето е предвидено да се спроведе во периодот од крајот на март до крајот на април. 
