Давањето поткуп сеуште е многу високо распространето низ светот, но луѓето се спремни да се борат
09.07.2013 Повеќе од едно лице од двајца мислат дека корупцијата се има влошено во последниве две години, според светското најголемо истражување за јавното мислење за корупцијта на Transparency International. Но испитаниците во истражувањето исто така цврсто веруваат дека мажат да направат промена и имаат желба да преземат акција против покупот. Барометарот на глобална корупција 2013 е истражување кое е спроведено од 114,000 граѓани во 107 држави и ја покажува корупцијата широко распространета низ светот. 27 % од испитаниците дале поткуп кога имале пристап до јавните сервиси и институции во последните 12 месеци, откривајќи дека нема подобрување од претходното истражување.
Сеуште, приближно девет од 10 лица од истражувањето кажуваат дека тие би реагирале против корупцијата и додека две третини од нив кои биле прашани да дадат поткуп одбиле, сугерирајќи дека владата, граѓанскиот и бизнис секторот треба да направат повеќе за да ги ангажираат луѓето во борбата против корупција. Во Македонија податоците говорат дека 82% од испитаниците се спремни да се борат против корупцијата.


26.06.2013 Транспаренси Интернешнл – Македонија организираше тркалезна маса на тема: “Граѓаните во борба против корупцијата” која се одржа на 26.06.2013 година во Штип, во Хотел Оаза.
