Натамошно влошување на состојбата со медиумите во Македонија
01.05.2013 Карин Карликер, директорка на проекти за слободата на медиумите при Фридом хаус, во кусиот разговор за Гласот на Америка претстави поразителена слика за состојбата со медиумите во Македонија, според денеска објавениот глобален извештај на организацијата.Таа регистрира натамошно влошување на ситуацијата во 2012-та: „Македонија сега им 56 поени на скалата од 0 до 100 и во моментов е рангирана како една од најлошите земји на Балканот“.
Колку може да опстои независното новинарство во актуелната клима во Македонија? Карликер коментира: „Генерално, политичката состојба е мошне поларизирана и тоа се одразува на медиумите. Во тој контекст, просторот за балансирано известување дефинитивно се скуси со затворањето на многу независни и опозициони медиуми. Има мал простор, но и тој дефинитивно се затвора. Во Македонија станува потешко за независните новинари да си ја вршат работата и тоа посекако не` загрижува“.




