Мрачни денови за балканските премиери
13.12.2010 Доаѓаат ли црни денови за политичарите на Балканот? Според она што се случува во Хрватска, која ја тресе корупциски земјотрес, може лесно да се случи потресите да добијат домино ефект во Западен Балкан. Во земјите што традиционално важат за корупциски рај, каде што поговорките од типот „парите вртат таму каде што не може ни бургијата“ се дел од народното творештво.
Дали под притисок на барањата на Европа неминовно ќе мора да се интензивира борбата против корупцијата, бидејќи тоа е и еден од најважните услови за приближувањето на овие земји кон ЕУ. Експертите се убедени дека колку земјите се поблиску до оваа цел, толку наближува денот кога мора да дојде до конечна пресметка. Доаѓа времето кога треба да им се стави крај на политичките договори за ненапаѓање и за амнестија од криминал и кривично гонење.


