Никој не знае колку пари има на партиските сметки
23.11.2010 Од 300 евра до три милиони евра. Партиските сметки на најголемите политички партии се празнат или се полнат во зависност од тоа дали се на власт или, пак, во опозиција, дали е време на изборна кампања и дали партијата може да им возврати на финансиерите. Но со колку пари навистина располагаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА…?Многу пари во партиите се свртеле лани. ВМРО-ДПМНЕ иако потрошила 3,5 милиони евра за изборната кампања на Ѓорге Иванов, на партиската сметка имала и дополнителни 660.000 евра. Оваа партија само пред шест години имала буџет од само 3.900 евра. Но не е само власта онаа што неколкукратно го зголемила партискиот буџет.
Слична е ситуацијата и со опозициската СДСМ. Партијата на Бранко Црвенковски, за претседателската кампања на Љубомир Фрчкоски добила приходи од 1,4 милион евра, а дополнително лани за партиски потреби располагала со 411.000 евра.



