Transparency International
Се додека нема систематска пресметка со корумпираните структури борбата против корупцијата нема да дава резултати
14.06.2010 Препораките кои се содржани во годишните извештаи за Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнал се пренесуваат на нивната членка, во случајат во нашата земја Транспарентност нулта корупција, која понатаму има за цел препораките да ги достави до Владата.Адриан Ауперле за Антикорупција вели дека по објавувањето на глобалниот Индекс за перцепцијата на корупцијата, главната канцеларија на ТИ сепак го мониторира напредокот на земјата, колку таа се посветува на решавање на препораките содржани во извештајот и дали ги применува.
„Извештаите за напредокот на земјите аспиранти за Европската Унија кои ги изготвува Европската Комисија, содржат независен извештај за делот за напредокот во борбата против корупцијата кој го изготвуваме ние и потоа и го предлагаме на Комисијата. Тие прават и своја независна анализа, но ги земаат предвид и нашите препораки кои ние им ги понудуваме во извештајот“, вели Ауперле за Аникорупција.
Оттаму секоја земја, особено Македонија, која е долго време земја кандидат за започнување на преговори со Унијата, треба многу сериозно да ги сваќа овие извештаи да се фокусира на подобрување на сликата за борбата против корупцијата бидејќи тоа е едно од главните патокази по кои треба да се ориентира земјата, додава Ауперле.


31.05.2010 Корупцијата е ендемска во судските системи на југоисточните европски земји, сметаат граѓаните на овие држави. Наспроти нив, се чини дека најголемиот број професионалци се уверени оти лошата репутација на судството е незаслужена, заклучува анкетата спроведена помеѓу судиите, јавните обвинители и полицијата во регионот.
23.05.2010 Образованието во Македонија, доби средна оценка од 2,98, а речиси 60 отсто од граѓаните сметат дека тоа е корумпирано.

