28.12.2009 Во Македонија корупцијата е сеуште многу видлива, тврдат граѓаните. Неколкуте поголеми акции во полицијата и во царината го подобруваат уверувањето кај еден дел од анкетираните дека таму се наперавени одредени придвижувања нанапред. Експертите велат дека додека царината благодарение на воспоставениот систем на транпарентност и внатрешна контрола постигнала напредок, полицијата е се повеќе застапена на листата на посочените институции според корумпираноста.
Проект координатор – Антикорупциски мониторинг во Република Македонија
28.12.2009 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е македонска невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. ТНК е национален огранок на TransparencyInternational,глобалното движење за борба против корупцијата. ТНК има потреба од квалификуван кандидат кој ќе води ја имплементацијата на овој проект.
24.12.2009 Во рамките на проектот "ТНК отворени дебати" во недела 27.12.2009 г. на ТВ А1 со почеток во 14 ч. ќе се реализира дебатна емисија посветена на темата здравство. Проектот финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
11.12.2009 Телевизиското емитување на видео материјалот со исказот на екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски пред хашките истражители, спротивно на правилата на Хашкиот суд, е најматен настан во ноември.
Јавното емитување на снимките, што стана повод за политички пресметки, доби 11 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 18 главни уредници на печатени и електронски медиуми.
10.12.2009 Со политизираност на јавната администрација и висок степен на корупција во локалната самоуправа, судството, градежништвото и урбанизмот Македонија вчера го одбележа 9 декември, Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Главен предизвик за државата и натаму остануваат департизацијата и деполитизацијата на институциите како главен генератор на корупција во земјава. Со голем број функционери што завршија зад решетки поради матни бизнис-зделки и проневери за лични интереси, со уште поголем број донесени закони што ќе ја зголемат борбата против корупцијата, но и со енормен број нерешени случаи на мито, конфликт на интереси, нелегално финансирање политички партии и злоупотреби на дискрециски права, Македонија го држи просекот во борбата на ова поле.
10.12.2009 По повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9 декември, "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално по трет пат се доделија сертификати на компании со добро корпоративно управување во 2009 година.
Сертификати за 2009 година на следниве компании: Комерцијална Банка, Охридска Банка, ЕВН Македонија, ПроКредит Банка, Инет и Ренова.
09.12.2009 Транспарентност Нулта корупција, членка на Transparency International во Македонија и оваа година го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата ( IACD – International Anti-corruption Day ) 09ти Декември со низа активности кој ќе го одбележат овој ден, каде што сите заедно ќе и кажемеНЕна корупцијата. ТНК заедно со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија на овој ден свечено ќе им додели сертификати на компаниите од нашата земја кои оваа година се избрани за “Компании со добро корпоративно управување 2009“. Настанот ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија со почеток во 17 часот.
08.12.2009 По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата 9ти декември – Транспарентност – Нулта корупција, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо- Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата трета година по ред традиционално ќе се доделат сертификати на компаниите кои беа…
04.12.2009 Во рамките на проектот "ТНК отворени дебати" во недела на ТВ А1 со почеток во 14 ч. ќе се реализира дебатна емисија посветена на темата дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
30.11.2009 Во прилог е третиот број на електронскиот весник на ТНК, посветен на годишната регионалната конференција на "Transparency International" за земјите од Европа и Централна Азија која се одржа во Охрид од 15-17 јуни 2009 година. Електронски весник бр.3 604.26 Kb
Користиме „колачиња“ на нашата веб-страна за да можеме да ги запаметиме Вашите преференци и посети. Со кликање на „Прифати“, Вие се согласувате за употреба на СИТЕ колачиња.“
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.