Финансирањето на партиите помина за неколку секунди

Според статистичките податоци на МВР, во првата половина од годинава биле откриени за дваесет и пет отсто повеќе дела на примање и давање поткуп, односно вкупно 25 дела од кои во 15 случаи бил даден поткуп, седум пати парите биле употребени во спротивна насока – бил земен поткуп, а три пати било откриено и противзаконско посредување. Годинава биле откриени и четири случаи на перење пари каде што 22 лица што добиле кривични пријави испрале 170 милиони денари.
15.07.2009 Ни предложените измени на Законот не гарантираат дека ќе се дознае кои се финансиерите на политичките партии. Власта тврди дека тие ќе овозможат поголема контрола на парите, опозицијата ги смета за шминка, а експертите ги обвинуваат политичките елити дека не сакаат да го решат проблемот.
Измената на Законот за финансирањето на политичките партии е еден од условите зададени од Европската комисија, за позитивен извештај за напредокот на државата.
11.07.2009 Каква било комуникација меѓу судија и претставник на извршната власт е недозволива, реагира експертската јавност откако пред неколку дена премиерот Никола Груевски и претседателот на Апелацискиот суд Јордан Митриновски одржаа работна средба. Настанот предизвика реакции во судската јавност бидејќи станува збор за преседан. Јавноста досега не памети дека премиерот свикал на состанок друг судија, туку тоа веќе втора година по ред го прави само со претседателот на Апелацискиот суд Јордан Митриновски. И од Кабинетот на премиерот и Митриновски ја потврдија средбата и излегоа со иста изјава – дека зборувале за судските реформи, за законските акти, а размениле и мислења за буџетот.
10.07,2009 Поаѓајќи од досегашното искуство во врска со организирањето и одржувањето избори во Република Македонија, „Транспарентност – нулта корупција“, со поддршка на норвешката влада започна проект: „Подобрување на изборниот систем во Република Македонија“. Основна цел на овој проект е, пред се, да се разгледа и да се анализира од повеќе аспекти Изборниот законик и другите законски акти што се однесуваат на изборниот процес и на активностите на политичките партии во него. Крајна цел на овој проект е да се донесат препораки што ќе бидат во прилог на обезбедувањето поефикасно и побезбедно спроведување избори, надминување на нерегуларностите, неправилностите и на тензиите од секаков вид во текот на изборниот процес, како и препораки за доследно почитување на меѓународните стандарди и норми.
01.07.2009 Македонија и понатаму е земја на политички зависни медиуми, слабо судство и висок степен на корупција.
Ова се оценува во најновиот извештај на американската организација „Фридом хаус“, кој во земјите во транзиција анализира неколку критични параметри.
Најлош рејтинг – 4,25 од можен најлош седум, Македонија има за слободата на медиумите и корупцијата.
15.06.2009 Македонија обезбеди правна рамка во борбата против корупцијата, но треба поефикасно да поработи на имплементацијата на законите. Тоа е единствениот начин да го подобри својот рејтинг за евроинтеграциите. Ова, меѓу другото, можеше да се слушне на шестата годишна регионална конференција на „Транспаренси интернешенел“ за Европа и за Централна Азија што вчера почна во Охрид, а ќе се одржува до 17 јуни.
08.06.2009 На 15-06-2009 година Владата на Република Македонија и Министерството за правда во соработка со Transparency International (TI) и Транспарентност Нулта Корупција, ќе ја организира шестата годишна регионална средба на Европа и Централна Азија – Конференција за борба против корупција во врска со предизвиците за проширувањето на ЕУ и соседните земји, што ќе се одржи во Охрид, Република Македонија.
На јавното отворање на Конференцијата ќе се прикажат иновативни гледишта за некои од најголемите предизвици со кои се соочува процесот на проширување на Европската Унија и соседните земји, вклучувајќи предизвици како реформи за пристапување кон ЕУ и борба против корупција, корупција и економски развој, перење на пари и рај за даночни обврзници.