Судството реформирано повеќе од 70 проценти

sudstvo 18.03.2008 Седумдесет проценти од реформите во судството, кои ни ги наложи Европската унија, ги исполнивме. Доколку работиме со забрзано темпо целосно ќе ги исполниме критериумите, вели Михајло Маневски, министерот за правда. – Ја исполнуваме владината програма, се трудиме да ги запазиме роковите и сигурен сум дека во целост ќе ги исполниме барањата на ЕУ што се однесуваат на овој сектор – истакна Маневски.

 
Оли Рен, еврокомесар за проширување на Европската унија, при последната посета на Македонија го донесе списокот задачи кои ќе треба да се сработат во судството.


Прочитај повеќе

Генерално добро, со одредени исклучоци

statedepartment

13.03.2008 ИЗВЕШТАЈ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

Човековите права во Македонија, генерално, се почитуваат, со исклучок на некои области и случаи, е оценката која стои во Извештајот за човековите права за 2007 година, подготвен од американскиот Стејт департмент. Главни точки кои не ги задоволуваат светските стандарди се: прекумерната сила што ја користи полицијата, корупцијата во судството, министерствата за правда и за внатрешни работи, како и политичкиот притисок врз нив. Проблем, исто така, е и трговијата со луѓе и општествената дискриминација на етничките малцинства.

 

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец Февруари 2008 г.

bistromatno

10.03.2008 „Тајниот“ реизбор на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), е најматен настан во февруари според анкетата во која гласаат главни уредници.

За февруари не беше избран позитивен настан во сферата на борбата на против корупцијата. Според критериумите на составувачите на анкетата немаше настан кој би можел да се најде на листата.

Во февруарската анкета „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“ учествуваа главни уредници во 17 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија.

 

Прочитај повеќе

Антикорупционерите во сенка на политиката

dksk2008

06.03.2008 Дали во Македонија има Државна комисија за спречување на корупцијата? Ова прашање го поставува стручната јавност која им сугерира на антикорупционерите да објаснат што работат и дали постигнаа некакви резултати за една година.

Антикорупциската комисија се изгуби во сенката на моќните политички центри, оценуваат експертите. Тие се убедени дека некој свесно се откажа од функционирањето на ова тело и дека тоа е направено со кумство на владејачката структура. Ова е поразително не само за ДКСК како институција, која по дефиниција би требало да биде независна, туку и за државата за која корупцијата е ништо повеќе од кампања.

 

Прочитај повеќе

Корупцијата во здравството – рак рана во општеството

stopcorruption 

05.03.2008 Корупцијата во здравството чини многу повеке отколку само пари. Големи средства исклучиво наменети за здравството, поради лавиринтот на сложени и матни зделки под владение на "подземните води на мафијата" никогаш не стигнуваат до вистинските корисници токму поради коруптивните дејства. Иако голем дел од здравствените работници одговорно си ги извршуваат своите надлежности, сепак бројни појави на подмитувања и измами се присутни токму во сферата на здравствените услуги. Почнуваќи од безначајни ситни кражби и изнудувања, па се до нелегални активности како средства за стекнување на голем, но валкан капитал.

 

Прочитај повеќе

CRO рангира 100 најдобри корпоративни граѓани за 2008 со нови и изменети критериуми

100-cro-logo

27.02.2008 Деветта година по ред, Корпоративната служба за одговорност ги рангира 100те најдобри Американски главни компании базирани на критериумот за корпоративни и социјални одговорности. Компаниите беа бодувани за 150 различни податоци и елементи во 8 категории. Секоја категорија беше важна за просечен тотален резултат. Категориите за Околина и Климатски промени беа оценувани како највисоки, додека новите категории како Лобирање беа оценети со најмали поени.

Оваа година, CRO измени нешто од неговата методологија за да го подобри испитувањето. CRO користеше само јавни извори “со теоријата дека транспарентноста е основниот принцип на професијата за службена одговорност”. Номинираните во 2008 вклучуваат само компании кој се во Russell 1000. Објавувачот на новите рангирања  беше  употребуван да стави најголем акцент на рангирањето за Околината, Социјалното и Раководењето. На крај, категорија Лобирање беше додадена, но без никаква важност бидејќи лобирањето само по себе не е неопходно добро или лошо.

 

Прочитај повеќе

Измените на Законот за енергетика заглавија во Собранието

energetika 25.02.2008 Владата изгледа нема така брзо да добие собраниска виза на измените на Законот за енергетика, кои ги стокми по интервенции на Брисел и на крајот на јануари ги достави до Собранието. Околу првичните предлози на Владата за овој закон, од лани есента, па се' до крајот на минатиот месец, се водеа многу дебати и се кршеа различни ставови и мислења меѓу неа и домашните експерти, како и претставници на меѓународната заедница. По разговорите што ги имаше Владата во Брисел, по барање на Европската комисија, Владата подготви 37 амандмани.

Изменетиот текст речиси еден месец е заглавен во Собранието. Работите стојат статус кво од 6 февруари, откако Законот се стави на дневен ред на собраниската Комисија за економски односи. Расправата прекина по кусо време поради партиски препукувања. А до крајот на месецов измените на Законот не се ставени на дневен ред на ниту една комисиска седница.

 
Прочитај повеќе

Владите предупредени за сметкводството поврзано со ЕУ фондовите

eufonds

19.02.2008 Брисел,  Извршната власт на Европската Унија во четвртокот се закани дека некој од членовитe , вклучувајќи ги Германија и Австрија, ќе бидат на суд за нивниот неуспех за правилно водење на сметководтсво од потрошувачките фондови на Европската Унија.

Европската комисија истакна дека двете земји не ги испратиле своите изводи да бидат достапни за ревизијата и изјава за тоа како фондовите за регионален развој на ЕУ биле трошени во 2007 година, и ова е првата година кога е побана ваква процедура.

Непотполно известување исто така им било пратено од Чешка, Грција, Ирска, Луксембург, Шпанија и Белгија, портпаролот на комисијата, Ева Калузинска истакнала на дневниот брифинг за вестите.

 

Прочитај повеќе

Норвешки функционер осуден во корумпиран случај

udripari 

14.02.2008 Осло, Норвешка : Поранешниот раководител на градските водоводни служби бил осуден на 8 години затвор и му било наредено да плати 11. 5 милиони долари компензација минатата недела. 

Иван Хенриксен, 70 години, бил осуден за систематско проневерување парични средства од неговиот работодавач, како и присуство на корупција повеќе декади. Неговиот син бил осуден на 5 години затворска казна, а другите двајца соработници на 3 години и 6 месеци, и 20 месеци за нивната вмешаност во случајот. Сите имаат две недели за жалба.

 

Прочитај повеќе

Глобален повик за 2008 – Номинации за награда за интегритет

ti 12.02.2008 Transparency International (TI) започнува со номинации за да ги истакне извонредните индивидуалци и организации кои се борат против корупцијата.  

TI, глобалната организација за антикорупција со национални ограноци во приближно 100 земји, повикува за Номинации за награда за Интегритет.

Во чест на индивидуалците и организациите кој што демонстрираа исклучителна храброст и извонредни лидерски способности во борбата против корупција овие награди ќе се доделат.

Ова значи предизвик за институциите и индивидуалците кој што многупати поседуваат огромна моќ.   

 

Прочитај повеќе