Владата ги брани измените во енергетскиот сектор
Делегацијата ја предводи вицепремиерот Зоран Ставрески, а во неа се вклучени претставници од Комисијата за заштита на конкурентноста, Регулаторната комисија, министерството за економија, како и претставници на компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО.
Вторпат блокиран изборот на „Семос“
Владата ќе го брани Законот за енергетика во Брисел
Јавна дебата за Законот за енергетика: Ќе добие ли ЕЛЕМ монопол врз електричната енергија
17.01.2008 Ќе добие ли ЕЛЕМ монополска позиција на пазарот со електрична енергија во земјава? Дали го следиме процесот на измени во енергетскиот сектор, дали тој се забрзува или забавува. Ќе поскапи ли цената на струјата и во какви размери? Ова се дел од прашањата на кои во организација на “Транспарентност-нулта корупција“ се расправа на јавната дебата со наслов “Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика“ која се одржува во хотелот “Стоун Бриџ“ во Скопје.
Претседателката на “Транспарентност – нулта корупција“ Слаѓана Тасева рече дека предложените измени на Законот за енергетика се прилично нејасно објаснети на официјалниот сајт на Владата, а јавноста има право да знае што точно тој содржи и какви ефекти ќе има врз состојбата со електричната енергија во иднина.
“Затоа ги поканивме и претставниците на Владата да говорот на дебатава и да ги објаснат предложените измени, но за жал тие не дојдоа, како ни светските екперти кои заради краткиот тајминг не можеа да ни се придружат“, додаде таа.
Јавна дебата “Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика”
17.01.2008 „Транспарентност – Нулта Корупција” со внимание ја следи состојбата и процесите за приватизација и либерализација во сферата на електростопанството, кои се имплементираат преку менување на законите во оваа сфера. “Транспарентност- нулта корупција” организира јавна дебата на тема: Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика. Јавната дебата ќе се одржи на 17.…
Македонија 71-ва во Индексот на економска слобода
15.01.2007 Македонија е на 71 место во светот од 157 рангирани држави во Индексот на економски слободи, што е напредок за четири места во однос на лани.
Ова се наведува во најновото истражување на специјализираната Фондација Херитиџ, во кое се посочува дека Македонија остварила 60,8 индексни поени, што е подобрување за 0,2 поени.
Максимална можна оценка се 100 индексни поени, а просекот на сите 157 држави во светот изнесува 60,3 индексни точки.
Барометар на корупција за 2007 година
Ова е оценката на главните уредници на 18 национални електронски и печатени медиуми во Македонија, во годишната анкета за корупција и борбата против – „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – Нулта корупција“.
ТИ сериозно загрижена во врска со обвинувањата за изборни нерегуларности во Кенија
07.01. 2008 Transparency International Кенија и глобалното движење Transparency International се длабоко загрижени од сериозните обвинувања за изборни нерегуларности на скорешните избори во Кенија, како и насилните немири кои ги предизвикаа. Прашањата за транспарентност и интегритет кои се наметнуваат над претседателските избори, всушност имаат потенцијал фатално да го поткопаат владеењето и борбата против корупција во Кенија.
Барометар на корупција за месец Декември 2007 г.