Барометар на корупција за месец Ноември 2007 г.
Ова се ставови на главни уредници во 18 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија искажани во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација “Транспарентност – Нулта корупција“.
Во „силна конкуренција“ на негативни настани во ноември најматен, со 7 гласа, е условната казна од една година за 30 припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Тие условно се осудени иако извршија брутално насилството и упад во скопската дискотека „Процес“, при што го демолираа инвентарот и претепаа двајца припадници на обезбедувањето, во декември лани.