Јавното обвинителство ќе го чека ревизорскиот извештај, па ќе утврдува дали ќе реагира
20.11.2007 Јавното обвинителство ќе го чека ревизорскиот извештај, па дури потоа ќе утврдува дали ќе покрене постапка во случајот на недоставување на информација од страна на владата за потрошените буџетски средства за многубројните владини кампањи. Ревизорскиот извештај е објавен вчера, ќе чекаме да го видиме, па ќе одлучиме, ни одговорија во Јавното Обвинителство. Прашањето колку пари потроши владата за рекламните кампањи на кое таа не дава одговор не е ново, во јавноста е присутно речиси една година, и на нетраснарентноста укажуваа и невладини организации и медиумите и постојат повеќе процедури кои што се прекршени, вели Слаѓана Тасева поранешен претседател на Антикорупциската комисија. „Владата и генералниот секретаријат на владата треба да преземат мерки за да ги испочитуваат препораките од ревизорскиот извештај. Друга инстанца која што тука се јавува, тоа е Бирото за јавни набавки, затоа што за секоја јавна набавка треба да има претходен план.“ изјавува Тасева.
|