Транспаренси Интернешнл и ТИ Македонија бараат одлагање на изборите и оставка од Претседателот
Невладината организација Транспаренси Интернешнал Македонија одржа работилница на тема „Нормативната и институционална рамка за заштита на укажувачите во Македонија“
11.04.2016 Законот за заштита на укажувачите стапи на сила на 18 март, но се чини дека институците надлежни за негово спроведување се уште не се спремни да одговорат на предизвикот, бидејќи допрва ќе ги изготвуваат правилниците и ќе обезбедуваат услови за негово спроведување. Токму затоа невладината организација Транспаренси Интернешнал Македонија во понеделникот одржа работилница на тема „Нормативната и институционална рамка за заштита на укажувачите во Македонија“, на која институците можеа да дадат одговорат дали се спремни за импелментацијата на законот.
Свиркач (whistleblower), или според македонското законодавство, укажувач, е израз за храбар поединец, кој од високо морални причини одлучува, со сиот ризик по сопствената кариера, јавно да проговори за незаконските или неетичките дела направени во некоја компанија или институција.
Законот за заштита на укажувачи стапи во сила како еден од условите што мораше да се исполни според Договорот од Пржино. Со него конечно се гарантира заштитата на тие што ќе пријават сомнеж за незаконско или недозволено постапување со кое се загрозува јавниот интерес.
Јавна реакција против општиот акт за прекинување на сите кривични постапки против лица за кои се водат постапки или постојат сомневања дека сториле кривични дела поврзани со политичката криза
14.04.2016 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата упатува јавна реакција против одлуката на Претседателот на Република Македонија да донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица за кои постојат докази и сомневања дека сториле кривични дела поврзани со политичката криза, а кои се предмет на работа на Специјалното јавно обвинителство и да помилува политичар кој служи казна затвор.
Претседателот на Република Македонија е должен да го штити интересот на граѓаните за безусловно владеење на правото и за јакнење на правната држава. Во овие услови на политичка криза јавен интерес е непречено спроведување на сите истраги за злоупотреби поврзани со изворите на политичката криза кои во овој момент ги спроведуваат СЈО но и Јавните обвинителства.
13.04.2016 Во рамки на проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес” кој го спроведуваат Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА), во прилог е месечниот извештај за месец март 2016 година.
mesechen_izveshtaj_mart_2016 1.25 Mb
23.03.2015 „Ефективна борба против корупција на високо ниво: прашање на личност или на систем?“ беше насловот на конференцијата што ја организираше на 22 март 2016 година МЦМС во хотелот Холидеј ин во Скопје. На Конференцијата зборуваа Лаура Кодрута Ковеси, главен обвинител во Националниот директорат за антикорупција во Романија, Марко Зврлевски, Јавен обвинител на РМ и Катица Јанева, јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.
Амбасадорот на САД, Џес Бејли, Министерот за правда, Аднан Јашари и Првиот извршен дирекотор на МЦМС, Александар Кржаловски имаа воведни обраќања. „Корупцијата се случува во целиот свет, но кога е оставена без контрола, кога за неа нема казна, тогаш демократијата е во најголем ризик и јавната и меѓународната доверба е изгубена. Државите треба да воспостават (и да поддржат) институции, закони и процедури кои ќе ги спречат и казнат актите на корупција“. Тој додаде дека законот мора да се применува еднакво за сите, не низ призмата на партиската припадност. „Сите луѓе, без разлика на нивната политичка или етничка припадност, економски статус или род мораат да бидат еднакви пред законот. Казнените мерки преземени заради политичка одмазда или идеолошка нетрпеливост го рушат кредибилитетот на целиот систем.“
prezentacija_slagjana_taseva 278.04 Kb