Работилница во Тетово тема: „Граѓаните во борба против корупцијата“
10.07.2013 На ден 10.07.2013 година во Тетово Transparency International – Macedonia одржа Работилница на тема: „Граѓаните во борба против корупцијата.“ На настанот беа поканети НЕ Мариет Шурман (Marriët Schuurman) Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Градоначалникот на Општина Тетово д-р Теута Арифи, Судии на Основен суд Тетово, Адвокати, Началникот на СВР Тетово, нотари, претставници на граѓанскиот сектор и други одговорни лица од институциите на локално и регионално ниво. Работилницата со воведно обраќање ја отвори д-р Слаѓана Тасева Претседател на Transparency International – Macedonia по што на присутните им се обратија градоначалникот на Општина Тетово д-р Теута Арифи и НЕ Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија г-ѓа Мариет Шурман (Marriët Schuurman) .



26.06.2013 Транспаренси Интернешнл – Македонија организираше тркалезна маса на тема: “Граѓаните во борба против корупцијата” која се одржа на 26.06.2013 година во Штип, во Хотел Оаза.
