ТИ-Македонија денес отвори трета ALAC канцеларија во Штип
25.10.2012 И додека најважната измена на законот за финансирање на политичките партии налага Државниот завод за ревизија да мора да врши редовна контрола на партиските пари, македонските ревизори ќе бараат независна ревизорска куќа да ја врши оваа работа.
15.10.2012 Од денес во Тетово започна да работи канцеларија на Транспаренси Интернешнл -Македонија во која ќе функционира Центар за совети и правна помош на. Во канцеларијата лично, преку телефонско јавување или електронска пошта граѓаните ќе добијат правни совети за случаите поврзани со корупција. Канцеларијата обезбедува правни совети и прима претставки кои се поврзани со корупција, а се со цел да се идентификува структурна, институционална и правна слабост.
На тој начин, тетовци ќе имаат можност да го споделат своето искуство и да кажат на другите за да на тој начин се прошири борбата против корупцијата.
12.10.2012 Корупцијата и борбата со организираниот криминал и понатаму останува болна точка во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјава. Последниот извештај, кој се оценува како еден од најпозитивните во земјава, по четврти пат детектира одредени слабости во справувањето со големите корупциски скандали во земјава. Во него се укажува дека е потребна силна рамка за превенција од корупцијата, особено зголемена транспарентност во работата на јавните тела и употребата на јавните фондови. Со цел да обезбеди соодветна истрага, гонење и санкционирање на случаите на корупција, телата за спроведување на законот треба да се проактивни, добро координирани и ефикасни. За да се следи успехот на актикорупциските политики, неопходно е воспоставување веродостојна судска статистика.
Претседателката на невладината „Транспаренси интернешенел Македонија“, Слаѓана Тасева, вели дека прелистувајќи го извештајот, може да се забележи дека корупцијата и понатаму останува клучен проблем.
12.10.2012 Државната Комисија за спречување на корупцијата во соработка со ОБСЕ и Транспаренси Интернешнал Македонија спроведе истражување според кое образованието, особено високото е извор на корупција. Дури 56,2% од испитаниците сметаат дека корупцијата е распространета во високото образование 55,1% е распространетоста на корупцијата во земјава според граѓаните 56,2% или најмногу од испитаниците сметаат дека корупцијата е најзастапена на универзитетите.
29.09.2012 ТИ Македонија одржа прес конференција на која ги презентираше резултатите за работењето на веб платформата и апликацијата за пријавување корупција www.prijavikorupcija.org примени во периодот 01.09.2011 г. – 28.09.2012 година.
Во прилог се анализата и презентацијата од прес конференцијата.
analiza_www.prijavikorupcija.org 506.73 Kb
prezentacija_prijavi_korupcija 753.01 Kb
28.09.2012 Transparency International Macedonia (ТИ – Македонија ) на 29 септември 2012 г. (сабота) со почеток во 12:30 часот во просториите на организацијата (Ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, спроти Светска Банка) ќе одржи прес конференција на која ќе се презентираат резултатите од работењето на веб платформата и апликацијата за пријавување на корупција. Анализата содржи информации за тоа колку случаи биле пријавени и на што граѓаните најмногу се жалат.
24.09.2012 Како резултат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но и на забелешките на ГРЕКО во евалуациајата за Република Македонија, во собраниска процедура се најде и законот за финансирање на политичките партии