Извештај на Стејт департментот за човековите права
04.05.2012 Значително намалување на слободата на печатот се случило во регионот на Централна и Источна Европа/ Евроазија во текот на 2011. година, се вели во извештајот на американската организација „Фридом хаус“ објавен во вторникот (1. мај).
Тука спаѓаат сите 15 поранешни советски републики, Чешка, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија, плус девет балкански држави – Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија.
14.05.2012 Според индексот за корупција на Транспареси интернешнл, кој опфаќа 183 земји, проблеми има и во Унгарија, Бугарија, Хрватска, Чешка и Италија. Грција се наоѓа на 80-то место на листата. Мито има и во Германија – според копруцијата Германија во европски рамки е на средно ниво, во светски рамки на 14 место.
„Штетите кои корупцијата ги предизвикува врз стопанството на ЕУ годишно се проценуваат на 120 милијарди евра“, вели комесарот на ЕУ Сесилија Малмстром. „Тоа е околу еден процент од европскиот БДП, односно речиси еден вкупен годишен буџет на ЕУ“. Видот на корупцијата и опсегот се разликуваат од земја до земја, меѓутоа како долгорочен феномен подеднакво им штети на сите земји членки на ЕУ и на Унијата во целина. Таа води до помали инвестиции, попречување на внатрешниот пазар и ги намалува јавните финансии.
27.03.2012 Државната тело за спречување корупција ќе ја мери ефективноста на антикорупциските мерки и ќе надгледува како државните институции ја спроведуваат Државната програма за превенција и репресија на корупција. Тоа се генерално задачите што биле зацртани на средбата на претставници на Антикорупциската комисија и на Европската комисија. Во рамките на дијалогот на високо ниво со Европската комисија (ЕK), Македонија доби задача да ги засили антикорупциските мерки и нивната примена.
14.03.2012 Мерката за спречување на корупцијата со примена на конфискација на имот воопшто не се применува или нејзината примена е незначителна, се наведува во извештајот на коалицијата „Сите за правично судење“, која спроведе истражување за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата. Ваква забелешка е нотирана и во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, каде што се наведува дека капацитетот на судството да се справи со чувствителните случаи на корупција на високо ниво е слаб, дека судовите за таквите случаи применуваат благи казни, како и дека примената на мерката конфискација е незначителна.
criminal_usa_v_dt_agreement 1.75 Mb
sec_litigation_executives_-_usa 888.50 Kb