ОБСЕ – Денот на изборите, позитивен
31.05.2011 Организаторите на изборната кампања на три политички партии – ДУИ, ДПА и ЛДП, како и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потрошиле многу повеќе средства од сметката од оние што ги имаат обезбедено со приливите, констатирала антикорупциската комисија откако ги разгледала првичните финансиски извештаи на партиите.

13.05.2011 Центарот за правни совети (ЦПС) кој работи во рамките на невладината Transparency International – Macedonia (TI-M) постои од 2003 година. Примарна главна цел цел на ЦПС е помагање на граѓаните во случаи поврзани со корупцијата. Од постоењето до денес во ЦПС помош имаат побарано 2560 граѓани. ЦПС е основна алатка за борба против корупцијата на Transparency International (TI) и Центри за Правни совети постојат во националните разграноци на ТI во 41 држава. 12.05.2011 Транспаренси Интернешнл – Македонија на 13 мај 2011 г. (петок) со почеток во 10:30 часот во просториите на ТИ-М (ул. Наум Наумовски Борче 58-спроти Светска Банка ) ќе одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани аномалии во борбата против корупцијата, под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Настаните се засновани на резултатите од работата на…
10.05.2011 Сведоци сме на јавно презентирани информации за тешки повреди на правилата на изборниот процес. Релевантните фактори не смеат да останат рамнодушни на ваквите информации.
26.04.2011 Дали трошењето пари во партиските кампањи и на овие избори ќе остане под превезот на нелегалното финансирање како појдовна точка во коруптивната спирала? И покрај тоа што сме пред старт на изборната кампања, сепак, партиите не сакаат да откријат колку пари ќе потрошат и од кои извори. Единствениот одговор што може да се добие од партиските штабови е дека се’ ќе биде во рамките на законите.
Се чини дека и овој пат, како и во претходните изборни циклуси, тие вешто ќе ги скријат изворите на финансирање. Како да стана вообичаено за време и пред почетокот на изборните кампањи да се користат пари од непознати извори. Во касата на партиите се слеваат пари што се прикажуваат како дотации од лица и од членови на партијата, но јавна тајна е дека на тој начин се прикриваат незаконското финансирање и префрлањата на средства од страна на фирми и компании.
25.04.2011 Финансирањето на партиите во предизборниот период треба да биде набљудувано од неколку инистуции, односно повеќе институции се надлежни, но никоја од нив нема единствена обврска да го следи финансирањето. Претседателката на невладината организација „Транспаренси Интернеjшнaл“, Слаѓана Тасева, вели дека најголемиот проблем е во тоа што во Македонија има дисперзиран систем на следење на изворите на финансирање на партиите – за тоа се надлежни Државната изборна комисја, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Државната изборна комисија, но на крај, никоја од нив нема конкретна надлежност да изрече санкција или да поведе постапка доколку не се почитува некое правило.
18.04.2011 „Верувале или не“ го скенираше и „Скопје 2014“, а анализата потврди незаконски потрошени пари од државната каса. Најавивте пријава и до јавниот обвинител. Што очекувате?
12.04.2011 Иако во Изборниот законик политичките партии сами предложија да се дефинира терминот изборна кампања и кога таа треба да почне, партиите решија да ги заобиколат правилата и кампањата ја почнаа многу порано пред почетокот на изборната трка
Ги усвојуваат законите за да не ги почитуваат. Вака може да се опише однесувањето на партиите што влегоа во изборна кампања, независно што с` уште не се распишани изборите и што до нивното одржување има уште речиси два месеца. Електронските медиуми се преплавени со платени политички програми, во печатените медиуми секојдневно има и по неколку страници реклами, политички пораки веќе осамнуваат на билбордите, постојано има средби со граѓани, трибини…