Системот продуцира корупција, законите не се имплементираат

Непотизам, кронизам и клиентелизам при вработување: Системот продуцира корупција, законите не се имплементираат

 

conf_24102019.jpg

24.10.2019 Во системот имаме проблем, во законите со текот на годините секогаш се внимавало да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт. И покрај законите имаме продлабочено делување во таа насока преку подзаконските акти, кои ги носат самите министри, а се одобрувани од страна на Министерството за информатичко општество. Тоа укажува дека затајуваат и контролните механизми и инспекциските служби, а има проблеми и во назначувањето во инспекторатите. Ова е заедничкиот заклучок на претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева и Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тие денеска се обратија на презентацијата на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

 

pdf prezentacija_promotiven_nastan_24102019 1.62 Mb 

  

Прочитај повеќе

Се повеќе граѓани пријавуваат незаконито однесување,да се зајакне улогата и заштитата на укажувачите

obuka_wb-09072019.png
 
09.07.2019 Се зголемува интересот за пријавување односно граѓаните се охрабрени да пријавуваат  незаконито однесување, не само криминал и корупција. Меѓутоа, тоа не значи дека Законот за заштита на укажувачи се применува како што треба, иако е донесен во март 2016 година. Се уште постои недоволна информираност и во рамки на институциите и кај граѓаните, како и недоволна обученост како да се применува за ефективно да може да се заштити лице кое сака да поднесе пријава како укажувач.

Ова е оценката од Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија по денешната обука за зајакнување на улогата на укажувачите во борбата против корупцијата, реализирана заедно со Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Како што информира Тасева, во Транспаренси пристигнале 17 пријави, од кои девет за приватниот и осум за јавниот сектор, а најголем број биле во однос на кршењето на работничките права. Нагласува дека граѓаните можат да пријавуваат незаконито однесување до ДКСК, МВР, Јавното обвинителство и Народниот правобранител, каде се назначени лица кои треба да работат со укажувачите. Законот за укажувачите, напомена, важи и за приватниот сектор.

Таа посочува дека се уште недоволно се прави разлика помеѓу укажувач и информант и граѓаните кои се укажувачи најчесто се соочиваат со последици затоа што недоволно се упатени и не можат да бидат заштитени ниту тие, ниту нивните блиски.

– За да се добие статус укажувач постои процедура во Законот. Лицата кои сакаат да пријават нешто треба да го применат Законот за да може тоа да се провери и понатаму да добијат статус на укажувачи. Кога зборуваме за заштита на укажувачите, тоа е за да се создаде ефективен механизам кој ќе ги заштити оние кои пријавиле, рече Тасева.
Прочитај повеќе

Оглас за вработување

26.06.2019 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кој ќе работи во канцеларијата во Скопје за следното  работно место:
1. Позиција: Асистент на проект

Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:

–    Универзитетско образование во областа на јавна администрацијата (завршени студии од втор циклус);
–    Најмалку пет години работно искуство;
–    Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
–    Активно користење на MS Office;
–    Напредни организациски и комуникциски вештини;
–    Чувство на одговорност и лојалност во извршувањето на поставените задачи;
–    Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.

Кандидатите треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот. 
 
 
Прочитај повеќе

Меѓународниот ден за укажувачите одбележан во Тирана

whistleblow_albania.jpeg
 
21.03.2019 Центарот за проучување на демократијата и управувањето и Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа организираше настан во Тирана на 21 март 2019 година по повод Меѓународниот ден на укажувачите.

На настанот присуствуваа членовите на Коалицијата од регионот, претставници од владини институции и приватни компании, како и новинари, кои дискутираа за прашања кои се однесуваат на укажување и заштита на укажувачите.

Во третата година од овој настан "Наградата за слободен говор" ѝ  беше доделена на истражувачката новинарка Клодијана Лала, која извести за голем број случаи на корупција и злоупотреба на моќ.
 
 
Прочитај повеќе

Соопштение до медиуми за случајот Маѓар Телеком – „Таргет“

26.03.2019 Транспаренси Интернешнл Македонија изразува задоволство од продолжувањето и развојот на кривичната постапка во случајот „Маѓар Телеком“, кој сега го води Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Таргет“, во кој се обвинети тројца поранешни директори на "Телеком", Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус за Злосторничко здружување и Злоупотреба на службена положба и овластување, а постои и сомневање за вклученост и на функционери од Северна Македонија за земање на мито. 

Транспаренси Интернешнл Македонија го следи овој случај уште од објавата на резултатите од истрагата на американската куќа Вајт и Кејс покрената по укажувањата на внатрешната ревизија во Маѓар Телеком поради сомневања  во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
 
Прочитај повеќе

Владата не го почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Владата не го почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одбива да постапи по решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер
Транспаренси Интернешнл Македонија бара Претседателот на Владата г-дин Зоран Заев да преземе мерки за одговорност на Генералниот секретар на Владата поради постапување спротивно на Закон, а бараната информација да нѝ биде доставена

15.03.2019 Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) на ден 13.06.2018 година испрати Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Р.С. Ммакедонија во врска со издадено полномошно, со кое Владата ја ополномоштува адвокатската куќа White & Case LLP од Њујорк, да поднесе претставка против Транспаренси Интернешнл Македонија пред Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во Берлин. 

Инаку, адвокатската куќа White & Case LLP од Њујорк е застапник на Р.С. Македонија во постапка пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон, Д.Ц (ИЦСИД Случај бр. АРБ/17/46).
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Соопштение за медиуми

12.03.2019  Реакција по Соопштение од Владата на Република Северна Македонија објавено на 07.03.2019 година, а во врска со бесправна градба на хотел во нас. Стар Лагадин, Охрид и барање да се престане со практиката за менување на законите согласно потребите, со што се востановува правна несигурност на граѓаните на РС Македонија.
На 07.03.2019 година Владата објави соопштение во кое се наведува дека  во рамки на надлежностите на министерството и на локалната самоуправа, конечното решение во врска со барањето да се стопира градбата на хотелот во Стар Лагадин која навлегува во заштитениот појас на езерото може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање којшто е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро. (линк до соопштението https://vlada.mk/node/17099 )
 
Во  правец на најавите за носење на нови законски решенија предвидени во Предлог – Законот за измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој е предвидено да се донесе во скратена постапка, апелираме да не се усвојат решенија со кои ќе се овозможи легализација или продолжување на градба на објекти за кои е утврдено дека постојат неправилности и прекршување на повеќе постапки при носењето на општите акти за градба и при давањето на одобренија за конкретни објекти, како и за објекти што се наоѓаат во  заштитениот појас на езерото каде согласно Законот за води е забрането градење на градби кои би можеле да штетат на водотекот и коритото на езерото. 
 
 
Прочитај повеќе

Очекување за нова борбена Комисија за борба против корупцијата

platforma_logo.png
 
18.02.2019 Платформата на граѓански организации за борба против корупција го поздравува изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција  и очекува од нив решителна, темелна и неселективна борба против корупцијата на сите нивоа на власт.
 
Имено, со донесувањето на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси се воведе нов начин на избор на претседателот и членовите на ДКСК, со кој покрај Комисијата за избори и именувања при Собрание на РМ се формира, Комисија за селекција чија цел беше спроведување интервјуа со сите кандидати кои ги исполнуваат условите од огласот и врз основа на тоа бодување и рангирање на кандидати.
 
Процесот се одвиваше во помалку од две недели, од моментот на објавување на огласот до моментот на избор, што оневозможи да се спроведе процес на темелен ветинг кај кандидатите.  Оттука, можноста за целосна проверка на кандидатите беше лимитирана.
 
Прочитај повеќе

СООПШТЕНИЕ

08.02.2019 Транспаренси Интернешнел Македонија му честита на Собранието на Република Македонија за ефикасното спроведување на постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. 
 
Транспаренси Интернешнел Македонија и го честита изборот на претседателката на ДКСК г-ѓа Билјана Ивановска, како и на сите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и им посакува успешна работа во справувањето со корупцијата, како еден од најголемите проблеми кој го нагризува македонско општество. 
 
„Ја добивте довербата во една транспарентна и отворена постапка, во која беше спроведен и делумен ветинг за проверка на вашиот интегритет. Сега ја имате нашата поддршка вашето знаење, искуство и интегритет да ги ставите во функција на справување со големиот проблем на корупцијата. Нашата поддршка и соработка секогаш ќе ја имате на располагање„ рече Претседателката на Транспаренси Интернешнел и прв претседател на државната комисија за спречување на корупцијата Д-р Слаѓана Тасева.
 
 
Прочитај повеќе

СТАВ НА ГРУПАТА ЦИВИТАКС ЗА ЗЛОУПОТРЕБЕНИТЕ СРЕДСТВА НА КОРИСНИЦИТЕ НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ

civitax_logo.png
 
30.01.2019 Министеркството за труд и социјална политика објави дека до Јавното обвинителство поднело кривична пријава против непознат сторител во врска со наодот дека на 12.000 лица не им се уплаќани законските придонеси во вториот столб. Исто така објави и дека државата ќе ги обесштети со вкупно 19 милиони евра од буџетот.
 
Групата ЦИВИТАКС смета дека наодот од анализите кои ги спровело и за кои зборува Министерството за труд и социјална политика не се изненадување имајќи предвид дека слично сомневање за незаконито однесување во ФПИОМ беше откриено и во 2016 година кога се објави дека не се исплаќале средства во вториот пензиски столб.
 
Случајот објавен деновиве потврдува дека во Република Македонија институциите не посветуваат внимание на основите за сомневање на злоупотреби и незаконитост во работењето на поединци и одговорни службени лица од институциите со кои се оштетени поединци. На тој начин актерите на еродираната правна држава, поради која и го добивме посебниот извештај од Г-дин Прибе и натаму ја држат заробена и не дозволуваат да функционира правната држава.
 
Сметаме дека е недопустливо оштетените граѓани да се обесштетуваат со средствата на даночните обврзници (нивни лични средства), а при тоа сторителот да остане непознат. Во вакви услови владата треба да ја преземе својата одговорност и да утврди кој од одговорните и службени лица во МАПАС, ФПИОМ и раководителите на операторите на вториот пензиски столб се приклучил во незаконитото однесување со прикривање и непријавување, како и да ги утврди дирекните одговорни лица, а против нив да поведе постапка за утврдување на одговорноста и за изрекување на со закон предвидени санкции за секое дејствие сторено со намера, сторување или пропуштање.
 
 
Прочитај повеќе