Оглас за работно место – Координатор на проект

06.07.2018 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за работно место Координатор на проект.

Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:

–    Универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус);
–    Најмалку три години работно искуство во водењето проекти;
–    Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;

–    Активно користење на MS Office;
–    Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи, истражувања, анализи и документи за креирање на политики;
–    Напредни организациски и комуникциски вештини;
–    Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
–    Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.
 
 
Прочитај повеќе

И мала корупција прави голема штета

 

usaid_logo.pngplatforma_logo.png

 

 

 

 

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Александар Н.Писарев, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција". Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД. 

 

Поради погрешна перцепција за лични подароци на бирократијата стимулираме корупција

 

 Македонската јавност сè уште не ја перцепира корупцијата како еден од најглавните проблеми во земјата и граѓаните остануваат склони кон прифаќањето на корупцијата како општествена норма и дел од однесувањето. Во скоро сите анализирани сегменти постои влошување и граѓаните сè повеќе искусуваат коруптивен притисок а со тоа и се вклучуваат во коруптивни активности. Иако значаен дел од популацијата ја препознава корупцијата тие сè повеќе се толерантни и подложни на корупција. Граѓаните на корупцијата најчесто гледаат како на добро и ефикасно средство да се реши некој проблем и сметаат дека корупцијата се „исплаќа„.

 

Пишува: Александар Н.Писарев

 

Таканаречената „мала/ситна“ корупција која претставува препознатливо искуство од секојдневниот живот зафаќа сè поголем обeм, а најчесто се занемарува со оценка дека таа корупција на микро ниво не е опасна за општеството и на неа не се гледа како на општествено неприфатлива појава. Преовладува мислењето дека ситно подмитување не е некоја голема штета за општеството, а на поединецот може да му помогне во решавање на крупни проблеми. 

Општинските службеници, даночните обврзници, полицајци, судии, лекари, комунални служби, катастар, царина, по експлицитно од другите, пред граѓаните „поставуваат барања„ за некаков вид надокнада за своите службени услуги за кои примаат плата од буџетот кој го полнат тие исти граѓани плаќајќи данок на државата. Секако дека општествено по опасна е таканаречената крупна корупција и по своите ефекти и според временското траење, но и оваа (ситна) влијае сериозно на општеството во целина. Меѓутоа, имајќи го во предвид обичајното право за дарување јасно е со кои тешкотии се соочува граѓанинот кога треба да процени дали е нешто подарок, мито, бакшиш…


 


Прочитај повеќе

„Скопје 2014“ – проект со сите елементи на заробена држава

konf_25062018.jpg
 
25.06.2018 „Скопје 2014“ не е илустрација на заробена држава, туку производ и отелотворување на самиот поим заробена држава. Со него се суспендирани Уставот и законите, злоупотебени се и узурпирани надлежностите на одговорните институции за на криминален начин да се одлеат буџетски пари за стекнување незаконски профити. Тоа се заклучоци од конференцијата „Заробена држава – илустрирана преку случајот: изградба на проектот „Скопје 2014“ која денеска ја организираше Транспаренси Интернешнл Македонија.

Претседателката на ТИМ Слаѓана Тасева рече дека „Скопје 2014“ ги има сите елементи на заробена држава, а тоа го покажува и анализата од која денеска беа презентирани податоци: парализирани институции и заробени медиуми, прекршување закони во интерес на една цел – да се извлечат пари од буџетот, одлуки на мала група луѓе и луѓе од доверба, измени на закони и акти со заобиколување на надлежните институции, нетранспарентно и суптилно спроведување на одлуките, особено за јавните набавки, привид за легалност која е доведена во прашање со многу дополнителни анекси…

– Не можевме да најдеме подобар пример за илсутрација на заробена држава, не само во Македонија, туку и во регионот. Затоа што тој случај е многу јасен и очигледен пример на заробување на процесот на носење политички одлуки, кој прераснува во најсилен облик на политичка корупција. Истовремено, кога се користат спрегите и врските помеѓу јавниот и приватниот сектор и кога се работи исклучиво да се задоволат нечии интереси, избегнувајќи ги сите механизми на владеење на правото и за отчет и контрола, доведуваат до заробување на државата, системот и управвањето, кои дури добиваат елементи типични за организирани криминални групи, рече Тасева.
 
 
Прочитај повеќе

Анализа: Пред избори се вработуваат службеници, по избори директори

rabotilnica_21062018.jpg
 
21.06.2018 Вкупно 86 проценти од вработувањата во институциите пред изборите се службеници, додека 94 проценти од вработувањата по изборите се директори, покажува истражувањето „Процедурите на вработување во администрацијата на централно и локално ниво по изборите“ на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Според Миша Поповиќ, од Платформа на граѓански организации за борба против корупција, во Македонија има општа согласност дека принципот на вработување е врз политичка припадност, а не врз систем на заслуги.

– Без разлика дали ја имаме праксата или не. Самата перцепција на граѓаните дека тоа постои и тоа се правилата на игра создаваат очекувања на граѓаните и тие се прилагодуваат на тие правила на игра. Се создава поволна почва за клиентелизам во општеството, смета Поповиќ.
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Новите градоначалници очекуваат ревизорите да ги проверат јавните набавки на претходниците

usaid_logo.pngplatforma_logo.png

 

 

 

 

 

 

 

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарката Весна Коловска, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција". Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД. 

 

18.06.2018 Ставањето акцент во јавноста на гломазниот проект „Скопје 2014“, каде се констатирани бројни финансиски злоупотреби, го тргна светлото од обилното користење на системот за јавни набавки во општините, во функција на компании блиски до владејачката партија и луѓето на власт. Сомневањата за повеќегодишните злоупотреби на општинските буџети, засега се само во вид на кривични пријави и понекоја условна осуда. Изостануваат очекуваните, од јавноста факти и документи, за тоа како се трошеле граѓанските пари, но и за кои цели. Дали се следел граѓанскиот интерес или партиската програма, која обилува со нови плоштади, фонтани и споменици?   

 

Прочитај повеќе

„Транспаренси”: „Свиркачите” Лазаревски и Костовски номинирани за награда на ЕП

press22052018.jpg
 
22.05.2018 Укажувачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски се влезени во петте номинирани за добивање на престижната награда за заштита на укажувањето и правото на информирање што годинава првпат ја доделува Европскиот Парламент во чест на новинарката Дефне Каруана Галиција што беше убиена во експлозија во Малта.

Лазаревски и Костовски се номинирани од „Транспаренси Интернешнл –  Македонија“,  заради овозможувањето да биде објавена вистината за Македонија преку информациите за незаконито прислушкување од страна на поранешната власт во Македонија, беше посочено на денешната прес конференција на „ТИ“ .
Прочитај повеќе

Соопштение до медиумите

18.05.2018 Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикува сите институции во државата, вклучително Судскиот совет, Финансиската полиција, Јавното обвинителство да преземат мерки во рамки на своите надлежности за да ги испитаат сите незаконитости во постапката за стечај во Фени Индустри АД Кавадарци.

Го повикува Стечајниот судија Валентина Ѓеоргиевска по предметот СТ-111/17 на Основниот суд Велес да постапи според Законот за стечај и да го отфрли Планот за реорганизација на стечајниот должник Фени Индустри АД Кавадарци како ненавремен.

Укажува на суштински повреди во Планот за реорганизација на стечајниот должник Фени Индустри АД Кавадарци, како уште една причина за негово отфрлање по службена должност 
 
 
Прочитај повеќе

ТИ-М Македонија поднесе кривична пријава за лица вклучени во стечајната постапка за Фени Индустри

press_25042018.jpg
 
25.04.2018 Транспаренси Интернешнл – Македонија изразува загриженост поради нетранспарентност и други бројни воочени неправилности кои ја карактеризираат стечајната постапка на Фени Индустри АД Кавадарци и укажуваат на оправдан сомнеж за коруптивно однесување од страна на стечајниот управник и стечајниот судија за кои поднесе кривична пријава, како и на други функционери, лица во банките – доверители и останати лица вклучени во неа.
 
 
 
Прочитај повеќе

КОМСПИ ја уважи жалбата на ТИ-М по повод неодговореното барање од страна на Советот на ЈО на РМ

17.04.2018 Транспаренси Интернешнл – Македонија ја известува јавноста дека Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи нашата жалба по повод неодговореното Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер со кое ги побаравме сите записници од јавните седници на Советот на јавни обвинители на РМ одржани во 2017 и 2018 година. Барањето беше испратено на 08.02.2018 година. Откако Советот не одговори на нашето барање, на 28. 03. 2018 година поднесовме и жалба до Комисијата за пристап до информации од јавен карактер.
 
Барањето е поднесено во врска со јавно објавените информациите кои укажуваат на конфликт на интереси во работењето на Советот.
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе

ТИ-М поднесе жалба до КОМСПИ во врска со набавката на 45 автомобили Шкода Октавија

04.04.2018 Транспаренси Интернешнл – Македонија, по повод информациите добиени од медиумите дека МВР набавило 45 автомобили Шкода Октавија без да распише оглас за јавна набавка, поднесе Барање за пристап до информнации од јавен карактер до МВР со цел да ги испита овие наводи. Барањето е поднесено на 19.03.2018 година, а на 02.04.2018 година го добивме одговорот во кој недостасува најбитниот дел – извештајот од преговорите со фирмите кои добиле покана да поднесат понуда. МВР образложи дека причината за тоа е фактот што фирмите – понудувачи сè уште имаат право на увид во документацијата.
 
Со оглед на тоа што во Законот за јавни набавки не е содржан рок кој го ограничува увидот, а роковите за жалба во постапката за јавна набавка се изминати, сметаме дека ова образложение е правно неиздржано. 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе