Случајот „Бачило“ во рацете на Врховниот суд

udripariИднината на предметот „Бачило“ од пред неколку дена се наоѓа во рацете на Врховниот суд, откако Јавното правобранителство побарало целосна ревизија на случајот, а Јавното обвинителство го уважило барањето за заштита на законитоста. Со тоа, од Врховниот суд зависи дали ќе се повтори судењето за случајот „Бачило“.

Од Јавното правобранителство потврдуваат дека ги искористиле сите вонредни правни лекови за да се повтори постапката за случајот „Бачило“, со оглед на текот на настаните што се случија во последниов месец. Јавното обвинителство го уважило барањето за заштита на законитоста минатата недела, па во Врховниот суд набргу ќе се донесе конечна одлука. И скопскиот Основен суд 1 и Апелацискиот суд досега ги одбија барањата за повторување на постапката за случајот „Бачило“ што ги поднесе Јавното правобранителство. Конечната одлука, по вонреден правен лек, ќе ја донесе Врховниот суд.

Прочитај повеќе

„ Нулта Корупција“ во борба против корупцијата

press1.jpg08.12/.2006      Борбата против корупцијата и преку воведување на анти-корупциски програми во основните училишта, е основната определба на новата невладина организација, предводена од Слаѓана Тасева и Мето Јовановски.

Организацијата која во јавноста ќе го употребува името „Нулта корупција“, е нова невладина организација која произлезе од распаднатата „Транспарентност Македонија“, откако на нелегален начин за нејзин претседател беше именуван Сашо Орданоски

Програмите и определбите на организацијата беа промовирани денеска во Скопје, при што беше нагласено дека организацијата не е членка на меѓународното движење „Transparency Internatiоnаl“, но дека има намера што поскоро да стане дел од семејството на угледната меѓународна организација.

Претседателот на организацијата Мето Јовановски истакна дека „организацијата ќе настојува да ги задоволи сите критериуми за да стане полноправна членка на „Transparency Internatioanl“.

„Ние се надеваме дека тоа ќе го постигнеме, бидејќи кај нас постои решеност да се посветиме што поцелосно на борбата против корупцијата“, додаде Јовановски.

Прочитај повеќе