Глобален корупциски барометар за 2007 г.
|
28.05.2007 Корупцијата го поткопува судскиот систем насекаде низ светот оневозможувајќи им го на граѓаните пристапот до правдата и основното човечко право на правично и непристрасно судење, понекогаш скратување и на самото судење, вели Глобалниот корупциски извештај 2007: Корупцијата во судскиот систем, објавен денеска од Транспаренси Интернешнал, глобалната коалиција против корупција.
„Подеднаков третман пред законот е столб на демократските општества. Кога судовите се корумпирани од лакомост или политичка целисходност , вагите на правдата се искосуваат а обичните луѓе страдаат“- вели Хјуџет Лабел- претседател на Транспаренси Интернешнал. „Судската корупција подразбира дека гласот на невините минува неслушнат, а виновните поминуваат неказнето“.
Во новиот Глобален корупциски извештај се заклучува дека корумпираното судство ја разјадува општествената способност да го процесуира трансинтернационалниот криминал и го инхибира пристапот до правдата и надокнадувањето за прекршување на човековите права. Го поткопува економскиот развој со оштетување на довербата на инвестиционата заедница и ги попречува напорите за редуцирање на сиромаштијата. |


